fbpx

Решение нема, тетовските гимназијалци и понатаму ќе држат настава на плоштадот

-

Општина Тетово на денешниот состанок со родителите и со професорите на гимназијалците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, по којзнае кој пат го одби нивното барање децата да учат во централниот објект на училиштетото.

– Вашето барање е противзаконско. Барате да се учи со скратени часови во објектот на гимназијата, но за овој предлог побаравме да даде мислење Министерството за образование, од каде ни изјавија дека е противзаконско вавкото решение – изјави Ахмед Ќазми од секторот за образование при Општина Тетово.

Некои родители побараа неколку месеци од учебната година, учениците Македонци да учат во дел од парарелките каде што следат настава учениците Албанци.

– За да не се чувствуваме дискриминирани, треба барем неколку месеци да учиме во гимназијата, во училниците каде што учат Албанците, а во тие неколку месеци Албанците нека следат настава во Работничкиот универзитет и во основното училиште „Гоце Делчев“, каде ние учевме неколку години. Наставата во овие објекти неча се одвива со ротација на учениците од двете етнички заедници – изјави Илија Симјановски, родител на една ученичка.

Од раководството на тетовската гимназија изјавија дека не се надлежни да одлучуваат за овој предлог. За утре во 9 часот, повторно е закажана настава на градскиот плоштад и протест на тетовските гимназијалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...