fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната. Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се најде решение со Москва. Според американскиот...

ЕУ ги прошири санкциите кон Москва, но имплементацијата ќе почека

Европска Унија денеска најави нови санкции кон Русија и кон проруските сили, но го одложи нивното стапување на сила поради претстојните мировни преговори во Минск, закажани за среда, соопшти францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус. - Утврдените мерки со санкциите остануваат, но нивното имплементирање ќе зависи од резултатите на теренот. Ќе почекаме до следниот понеделник и ќе видиме како ќе помине...

Штајнмаер: Самитот во Минск е неизвесен

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Брисел изјави дека е неизвесно дали в среда ќе се одржи самитот во Минск за ситуацијата во источниот дел на Украина. - Се надеваме дека сите отворени прашања ќе бидат решени, но уште не е ништо сигурно и има уште многу работа – рече Штајнмајер по доаѓањето на министерскиот состанок во Брисел. Портпаролот...

Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

Најмалку 1.500 руски војници и конвој воена опрема во текот на викендов влегоа во Украина, соопшти денеска украинска војска. Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им соопшти дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи и ракетен систем „град“, ја минале украинско-руската граница на 7 и на 8 февруари. Околу 170 возила, вклучувајќи камиони, автоцистерни и автомобили,...

Се подготвува нов мировен план за Украина

Француските и германските дипломати активно подготвуваат самит во Минск со претседателите на Русија и на Украина, со надеж дека ќе се стави крај на крвавиот конфликт во Источна Украина. Дипломатите од Франција, Германија, Украина и од Русија денеска во Берлин работат на мировен план, кој е претставен како последна шанса за Украина, пред самитот в среда во Минск. Подготовките за мировниот...

Вранишковски на гости кај рускиот патријарх г.г. Кирил

На покана од патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил, од денеска Јован Вранишковски ќе претстојува во Санкт Петербург. За сето време, стои во соопштението, ќе биде официјален гостин на рускиот патријарх. Руската и Српската православна црква ја поздравија одлуката за ослободуваање на Вранишковски, кој беше во затвор три години.  

Расмусен: Путин би можел да ги нападне балтичките земји за да го тестира НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин има амбиции што одат подалеку од Украина и би можел да нападне некоја балтичка држава за да ја тестира солидарноста на Западот, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, за британскиот весник „Дејли телеграф“. - Треба да се гледа подалеку од Украина. Путин сака да ѝ ја врати на Русија позицијата на голема сила. Постои голема...

Меркел и Оланд во Москва без големи очекувања

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел пред да отпатуваат за Москва изјавија дека целта на нивната мисија е постигнување глобален договор за ставање крај на насилството во Украина, со тоа што примирјето е само прв чекор. Сепак, Меркел истакна дека не е извесно дали ќе се постигне напредок. Сите знаат дека првиот чекор мора да биде примирје,...

УКИМ и Амбасадата на РФ ја одбележуваат соработката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација, организира настан во знак на придонесот на меѓусебната соработка и развојот на образованието и науката. Во соопштението на УКИМ се наведува дека откривањето плочка на спомен-плочата на донатори и на пријатели на УКИМ, е резултат на досегашната соработка со амбасадорот на Руската Федерација во РМ,...

Русија: Уапсени 31 терорист

Триесет и еден приврзаник на меѓународната терористичка организација Хизб ут Тахрир ал ислами се уапсени, соопштија руските безбедносни служби. Хизб ут Тахрир ал ислами, која Русија во 2003 година ја прогласи за терористичка организација, е меѓународна религиозно-политичка организација, која се обидува да ги урне неисламските влади и да ги насочи муслиманите кон „правилен исламски начин на живот“.

ЕУ ги проширува санкциите кон Русија

Европска Унија ќе ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината вмешаност во судирите на истокот на Украина. На листата ќе се најдат уште 19 лица и девет субјекти, соопштија денеска извори од Брисел. Меѓу 16 лица, кои ќе бидат погодени со санкциите, се наоѓаат и пет Руси, прецизираат изворите. Проширувањето на листата е одлучено на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ,...

Русија протера 34 имигранти

34 имигранти, кои нелегално работат во земјата, се уапсени  во Санкт Петерсбург. Работниците биле од Узбекистан и од Таџикистан, а биле уапсени на градилиште. Во официјалното соопштение се вели дека еден од имигрантите се обидел да им избега на безбедносните служби, но бил фатен. Судот пресуди дека уапсените мора да бидат депортирани во нивните земји и секој од нив да плати...

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до септември

Европска Унија синоќа, на вонредната седница на шефовите на дипломатии на 28 земји-членки, одлучи да ги продолжи до септември санкциите кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. На гласањето за продолжување на санкциите, кои завршуваат во март годинава, му претходеше остра дебата меѓу повеќето земји-членки и малцинството предводено од Грција, кои се противеа на нивното продолжување. САД го поздравија продолжувањето на...

Вонреден состанок на шефовите на дипломатија на ЕУ за нови санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат за заострување на санкциите кон Русија поради поддршката на официјална Москва за проруските сили во Украина. На вонредниот состанок, се очекува новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, да се спротистави на воведување нови казнени мерки против Русија, имајќи предвид дека Грција се дистанцираше...

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции

Шефовите на држави и на влади на 27 земји-членки на ЕУ денеска најавија заострување на санкциите доколку Русија не ги осуди акциите на проруските сили и не почне да го применува договорот од Минск. „Воочивме докази за континуирана и сè поинтензивна руска поддршка на сепаратистите, што ја истакнува одговорноста на Русија“, стои во заедничкото соопштение, во кое се осудуваат артилериските напади...

151 милијарда долари е одливот на капитал од Русија во 2014 година

Руската централна банка соопшти дека одливот на капитал од Русија, на кој влијаеја кризата во Украина и слабеењето на рубљата, во 2014 година достигна 151 милијарда долари. За разлика од 2013 година, кога беше 61 милијарда долари, во 2014 година одливот на капитал е за 2,5 пати поголем. Вкупната трговска размена на Русија изнесуваше 56,7 милијарди долари во 2014 година, во однос...

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Повеќе од 800.000 Украинци пребегале во Русија

Повеќе од 800.000 луѓе од почетокот на конфликтот во Југоисточна Украина ги напуштиле своите домови и побарале прибежиште во Русија, соопшти руската Федерална миграциска служба (ФМС). Според податоците на руските служби, секојдневно во Русија влегуваат по 1.200 жители од Југоисточна Украина.

Русија ѝ се заканува со тужба на Франција

Русија би можела да поднесе тужба против Франција во наредните шест месеци поради неиспорачувањето на носачот на хеликоптери „Мистрал“, соопшти денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојуг. - Ако договорот не биде испочитуван, ќе биде поднесена тужба - рече Шојуг, додавајќи дека Русија побарала од Франција официјално објаснување за неиспорачувањето на „Мистрал“ според спогодбата од 2011 година. Пред два дена, неименуван претставник на Федералниот завод...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...