fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции

Шефовите на држави и на влади на 27 земји-членки на ЕУ денеска најавија заострување на санкциите доколку Русија не ги осуди акциите на проруските сили и не почне да го применува договорот од Минск. „Воочивме докази за континуирана и сè поинтензивна руска поддршка на сепаратистите, што ја истакнува одговорноста на Русија“, стои во заедничкото соопштение, во кое се осудуваат артилериските напади...

151 милијарда долари е одливот на капитал од Русија во 2014 година

Руската централна банка соопшти дека одливот на капитал од Русија, на кој влијаеја кризата во Украина и слабеењето на рубљата, во 2014 година достигна 151 милијарда долари. За разлика од 2013 година, кога беше 61 милијарда долари, во 2014 година одливот на капитал е за 2,5 пати поголем. Вкупната трговска размена на Русија изнесуваше 56,7 милијарди долари во 2014 година, во однос...

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Повеќе од 800.000 Украинци пребегале во Русија

Повеќе од 800.000 луѓе од почетокот на конфликтот во Југоисточна Украина ги напуштиле своите домови и побарале прибежиште во Русија, соопшти руската Федерална миграциска служба (ФМС). Според податоците на руските служби, секојдневно во Русија влегуваат по 1.200 жители од Југоисточна Украина.

Русија ѝ се заканува со тужба на Франција

Русија би можела да поднесе тужба против Франција во наредните шест месеци поради неиспорачувањето на носачот на хеликоптери „Мистрал“, соопшти денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојуг. - Ако договорот не биде испочитуван, ќе биде поднесена тужба - рече Шојуг, додавајќи дека Русија побарала од Франција официјално објаснување за неиспорачувањето на „Мистрал“ според спогодбата од 2011 година. Пред два дена, неименуван претставник на Федералниот завод...

Европскиот парламент изгласа резолуција за Русија

Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата во која најостро се осудува задушувањето на човековите права и кривичниот прогон на опозиционерот Алексеј Навални. Во резолуцијата се изразува длабока загриженост поради неодамнешната одлука на руските власти невладините организации кои примаат финансиска помош од странство да се обележат како „странски агенти“ и да се ограничи нивното дејствување. Европскиот парламент посебно ја...

Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди долари

Официјална Москва размислува да побара од Украина предвреме да го врати долгот бидејќи властите во Киев не испочитувале низа услови за добивање кредит од Русија во износ од три милијарди долари, јавуваат извори од руската влада. Според истиот извор, актуелната економска и финансиска ситуација во Украина укажува дека низа параметри кои биле услов за добивање на рускиот кредит не се...

Три руски банки поднесоа тужба против европските санкции

Три големи руски банки поднесоа жалба пред Европскиот суд за правда во Луксембург против санкциите на Европска Унија, јавуваат денеска руските медиуми. Банките Сбербанк, ВТБ и ВЕБ оценуваат дека европската одлука да бидат ставени на црна листа е илегална и ги нарушува меѓународните договори склучени во рамките на Светската трговска организација (СТО). Санкциите на 28-те земји-членки на ЕУ против Русија се...

Снежна бура ја парализираше Москва, откажани 150 летови

Снежното невреме што денеска ја зафати Москва го парализира рускиот главен град и придонесе за откажување на повеќе од 150 летови. Snowstorm in Moscow delays over 150 flights - Lynchburg News and Advance http://t.co/iMDzvvJrlo pic.twitter.com/JEUSUmvueb — #SocialMedia NC (@greensboro_nc) December 25, 2014 Ниту еден од трите московски аеродроми не се затворени, но сите летови доцнат. На аеродромот „Домодедово“, јужно од Москва, се откажани...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг. „Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври...

Анкета: Повеќето Руси не го сакаат Обама

Осумдесет и еден отсто од Русите имаат негативно мислење за американскиот претседател Барак Обама, а помалку од пет отсто имаат позитивен став за него, покажа Рускиот центар за истражување на јавното мислење. Според анкетата, 22 отсто од испитаниците изјавиле дека не им се допаѓа тоа што Обама води антируска политика, додека 18 отсто - поради тоа што почнува војни во светот....

Русија ги оцени санкциите од САД како бескорисни

Русија ги оцени американските санкции како бескорисни и додава дека ќе возврати на мерките, но не прецизираше како. Москва во денешното соопштение вели дека ќе чека колку што е потребно САД да ѝ го признае историското право на полуостровот Крим, кој оваа година се отцепи од Украина и се припои кон Русија. Руското министерство за внатрешни работи денеска изрази жалење поради...

12 европски банки загрозени од кризата во Русија

Загубата за 12 европски банки може да достигне 7,5 милијарди евра ако во Русија се повтори сценариото на кризата од 1998 година, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извештај на аналитичарите на Дојче банк. Меѓу најпогодените ќе бидат Рајфајзен банката, Сосиете женерал и Уникредит. Финансиските аналитичари ја проценуваат загубата на една милијарда евра за секоја од банките.  

Путин: Западот сака да ја окова „руската мечка“

Западот сака да ја окова „руската мечка“, да ѝ ги извади забите и да ја препарира, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата со новинарите, додавајќи дека антируските санкции се цената на независноста. Путин употреби живописна метафора за Русија, нарекувајќи ја„окована мечка“ додека одговараше на прашањето дали верува дека проблемите на руската економијас е вратка за анексијата на Крим. - Не...

Рубљата не го намали, ама ќе го забави македонскиот извоз

Падот на руската рубља нема да го намали, но ќе го забави извозот на македонските компании во Русија, кои годинава, според податоците на Министерството за економија, бележат зголемен извоз за 35 отсто. - Падот на рубљата ќе влијае на извозот на македонски производи во Руската Федерација, односно ќе има забавување во порастот на извозот поради намалената вредност на рубљата. Што...

Русија на акционерите на „Јукос“ треба да им плати 1,86 милијарда евра

На акционерите на нафтената компанија „Јукос“, Русија ќе им плати 1,86 милијарда евра, откако Европскиот суд за човекови права ја одби нејзината жалба. Руското министерство за правда апелираше да се поништи одлуката за исплата од јули 2014 година, но Европскиот суд ја одби жалбата. Русија мора да им исплати отштета на некогашните акционери на една од најголемите руски приватни нафтени компании поради...

Обама ќе потпише закон за нови санкции кон Русија

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе потпише закон со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, а тој ќе добие овластување да испрати воена помош во Украина. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истакна дека Обама и понатаму е воздржан во врска со документот, но верува дека тој ќе ја понуди флексибилноста што му е потребна. Обама треба неделава да го потпише...

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН. - Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би...

Четворица осудени зa соучество во нападите во Волгоград

Четири лица се осудени за вмешаност во самоубиствените бомбашки напади во Волгоград, соопшти денеска рускиот Истражен комитет. Во двата бомбашки напади, на железничката станица и на тролејбус минатата година, загинаа 34 лица. Двајца мажи се прогласени за виновни за соучество во терористички акт, затоа што ги криеле бомбашите самоубијци додека го подготвувале експлозивот. Тие се осудени на 19 години затвор. Уште двајца...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...