Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Полска и Унгарија забранија увоз на украински производи, ЕУ реагира

Полска и Унгарија се одлучија да воведат забрана за увоз на украинско жито, млечни производи, шеќер, овошје, зеленчук и месо до крајот на јуни, јавува Би-би-си. Веднаш по донесувањето на ваквата мерка, од Европската комисија се огласија со отфрлање на воведените забрани од двете земји-членки на ЕУ. Од ЕК велат дека нема да толерираат еднострани потези, нагласувајќи дека сите...

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се...

Мета факт: Безброј датуми и неостварени ветувања за регионалната депонија во Свети Николе

Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот на месецов информираше дека ќе ги одземе ингеренциите на Општина Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Ова не е прво ветување на надлежното министерство во врска со изградбата на регионалната депонија за Источен...

Маричиќ: Социо-економското зајакнување на Ромите е дел од процесот на евроинтеграција

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го честита 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека Ромите се нераскинлив и исклучително важен и вреден дел од македонскиот мозаик. Тој вели дека работејќи заеднички, треба да се отклучи големиот потенцијал на Ромите во корист на целото општество и да се направи суштинска интеграција на Ромите во сите...

Во караници помина расправата за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Во тензична атмосфера и со низа забелешки од приватните комерцијални телевизии помина втората јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Откако си ги кажаа забелешките, претставниците на дел од телевизиите одлучија да ја напуштат денешната јавна расправа и да не ги сослушаат останатите учесници на настанот. Иван Мирчевски од телевизија „Канал 5“...

Ковачевски на средба со Пленковиќ: Македонски, а не хрватски модел за уставните измени

Северна Македонија треба да избере свој модел за уставните измени. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да дава сугестии за барањето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за менување на македонскиот устав по хрватски модел. Пленковиќ рече дека за уставните измени треба да одлучат партиите и институциите во земјава. „Без разлика што се споменува хрватскиот...

Подготовки за уставните измени: Министерство за правда бара членови за работната група

Почнаа подготовките за уставните измени. До 10 април е рокот за номинирање на претставник во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за правда. „Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја“,...

Маричиќ: Колку повеќе гласници има пристапниот процес, толку е помал просторот за дезинформации

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за Институтот за медиуми и аналитика – ИМА, рече дека е важно граѓаните да ги знаат фактите за тоа како секојдневниот живот ќе се промени на подобро кога државата ќе влезе во Европската Унија и дека што повеќе гласници има пристапниот процес, помал ќе биде просторот за...

Ван дер Белен: Патот на ЕУ интеграцијата на Македонија е трасиран

Претседателот на Австрија, Aлександар Ван дер Белен е во официјална посета на земјава. Тој, во говорот кој го одржа во законодавниот дом, порача дека преговарачката рамка со ЕУ, која С. Македонија ја усвои во јули лани, не може од ново да се преговара и ги увери пратениците дека македонскиот јазик ќе остане неоштетен на нашиот пат кон членство во...

Медена измама: Речиси половина од медот на европските пазари е вештачки

Речиси половина од медот увезен во Европската Унија најверојатно е вештачки, покажа истрагата на Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија (OLAF) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC), пренесе Јуроњуз. Од 320 тестирани примероци на мед, за 147 примероци (46 отсто) постои силен сомнеж дека содржат додавани шеќерни сирупи од ориз, пченица или шеќерна репка и дека вештачкиот мед не...

Не е точно дека Канада и ЕУ ја планирале војната во Украина

Тоа што Канада обучува украински војници од 2015 година, значи план за војна, како што невистинито се тврди во постот. Војната во Украина ја почна Русија, а операцијата УНИФЕР е тренинг од канадските воени сили и мисија за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на Украина, којшто ќе ѝ помогне да го одбрани својот суверенитет. УНИФЕР е основана како...

Законот за климатска акција со нови обврски за институциите, но и давачки за индустријата

Нацрт-законот за климатска акција предвидува нови обврски за државните органи и за локалните самоуправи, кои дополнително ќе го нагласат слабиот капацитет на институциите во земјава. Законот, повеќе се осврнува на намалување на емисиите, а многу помалку на адаптацијата, што е неопходен процес во земја со степен на ранливост како нашата. Освен нови обврски за институциите, со законот се воведува...

Главните проблеми на граѓаните се поврзани и со преговорите со ЕУ

Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на 2023 година, доколку државата сака да отпочне со формалното преговарање по кластери за членство во ЕУ. И не само тоа, туку тие преговори се директно поврзани и со решавање на...

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги спроведат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, вклучувајќи ги и оние поврзани со правата на здружување на Македонците, што до денес не се почитуваат во Бугарија. Ковачевски истакна дека Македонци има во скоро сите земји во светот, и дека сите граѓани, вклучувајќи ги и оние кои се...

Бербок: Уставните измени се од огромна важност за да продолжат преговорите со ЕУ

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Германската министерка Бербок рече дека уставните измени се од огромна важност за да продолжи преговарачкиот процес за зачленување на земјава во ЕУ. „Сега кога станува збор за спроведување на договореното и кога навистина мора да...

Регионален настан во Штип за подобрување на пристапноста и инклузијата во училиштата

Во Штип денеска се одржа регионален настан со претставници од училишта, општини, невладини организации, општествено одговорни компании и семејства на ученици со попреченост кои посетуваат редовно образование, како дел од активностите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, информираат од Фондацијата „Чекор по чекор“. На настаните воведни обраќања имале претставници од проектот, а...

Гир: За пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу партиите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска изјави дека за пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу сите политички партии во земјава, како одговор на новинарско прашање во врска со фотографијата што се појави од опозицискиот лидер Христијан Мицкоски како влегува во седиштето на ЕУ-инфо центарот во Скопје. „Секако одржуваме добри контакти со сите партии кои тврдат...

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство...

ЕУ Делегација: Граѓанските организации не треба да се воздржуваат од критички однос кон реформите

Повеќе домашни медиуми изминатата недела пренесоа извештај во кој е наведено дека двајца европски дипломати наводно испратиле пораки дека ќе вршат ревизија на организациите и на партнерите со кои соработува Европската Унија во Северна Македонија. Како што беше наведено во новинарските извештаи, делегатите имале забелешки за работата на граѓанските организации и за медиумите поддржани од европските фондови. Самата оваа објава...

Лимински: Германија е на ваша страна, сметајте на нашата поддршка

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, кажа министерот за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, во своето браќање пред младите на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со...

НАТО не препорачува и не подготвува војна, Русија е таа која изврши воена инвазија врз Украина

НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија,...