fbpx

Полска и Унгарија забранија увоз на украински производи, ЕУ реагира

ЕУ во мај лани се откажа од царините и увозните квоти за украинските земјоделски производи, со цел да се олесни нивниот транспорт до светските пазари по руската инвазија на Украина

-

Полска и Унгарија се одлучија да воведат забрана за увоз на украинско жито, млечни производи, шеќер, овошје, зеленчук и месо до крајот на јуни, јавува Би-би-си. Веднаш по донесувањето на ваквата мерка, од Европската комисија се огласија со отфрлање на воведените забрани од двете земји-членки на ЕУ. Од ЕК велат дека нема да толерираат еднострани потези, нагласувајќи дека сите мерки и потези во делот на трговската политика мора да се усогласат на ниво на ЕУ.

Полската и унгарската влада ги воведоа забраните за увоз на украински производи по зголемениот увоз на поевтина храна од Украина, која предизвика серија на штрајкови на полските и унгарските земјоделци кои се жалат дека се неконкурентни со нивното производство.

Европската унија (ЕУ) во мај лани се откажа од царините и увозните квоти за украинските земјоделски производи, со цел да се олесни нивниот транспорт до светските пазари по руската инвазија на Украина. Сепак, пониските цени влијаеја врз заработката на полските и унгарските земјоделци.

Полскиот министер за економски развој и технологија Валдемар Буда денеска појасни дека забраната се однесува на украинската стока во транзит, како и на онаа што останува во Полска.

Тој повика на разговори со Украина за да се воспостави шема, со која ќе се обезбеди украинскиот извоз да помине низ Полска, но да не заврши на локалниот пазар.

Од ЕУ сè уште не прецизираат какви мерки ќе преземат против Полска и Унгарија како резултат на забраната за увоз на украински производи.

Поголемиот дел од украинското жито се извезува преку Црното море, но руската инвазија која започна во февруари минатата година ги наруши извозните патишта и резултираше со тоа големи количини на украинско жито да завршат во централниот дел на Европа.

Договорот постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, ѝ овозможува на Украина да продолжи да извезува по морски пат без руските блокади, иако Украина до денес ја обвинува Русија дека го забавува процесот со ригорозни инспекции на бродовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...