fbpx

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права

„Има политичари во Бугарија, има политичари секаде кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу соседни држави и помеѓу држави во поширокиот регион. Постојат и поединци и пропагандисти кои работат за интересите за трети страни коишто не сакат да го видат овој регион интегриран во ЕУ“, рече Ковачевски

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги спроведат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, вклучувајќи ги и оние поврзани со правата на здружување на Македонците, што до денес не се почитуваат во Бугарија.

Ковачевски истакна дека Македонци има во скоро сите земји во светот, и дека сите граѓани, вклучувајќи ги и оние кои се самоопределуваат како Македонци во Бугарија и Грција, имаат право да ја изразат својата желба за самоопределување.

„Постојат и пресуди на Судот за човекови права што Бугарија ги нема спроведено до денес и затоа ги повикувам уште еднаш бугарските власти согласно со одлуките на Судот, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права исто така и тие да постапат, бидејќи се работи за земја членка на ЕУ и тие граѓани кои се граѓани на Бугарија а кои се самоопределуваат како Македонци, во исто време се и граѓани на ЕУ, бидејќи да не заборавиме дека Бугарија е членка на ЕУ. Затоа уште еден повик од моја страна да бидат почитувани сите права, исто како што кај нас се почитуваат правата на сите етнички заедници и на секој поединец кој се самоопределил различно од Македонците или од другите кои се дел од нашето општество“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање за признавањето на македонската малцинство во Бугарија, премиерот изјави дека постојат две уставни уредувања за малцинските права. Едното е кога индивидуалното право на самоопределување се остварува колективно, како во Македонија и Хрватска, каде што заедниците можат да бидат дел од уставното уредување. Другото уредување е кога индивидуалното право на самоопределување се остварува индивидуално, како во Бугарија и Франција, каде што законите го одредуваат како тоа се остварува.

Ковачевски, исто така истакна дека има граѓани во Бугарија кои се самоопределуваат како Македонци и имаат право да ги остварат своите права како на секој друг граѓанин. Тие имаат право на колективно самоопределување согласно со законите кои произлегуваат од уставното уредување на Бугарија, европските норми и правила на европските институции, Советот на Европа и Судот за човекови права.

Ковачевски истакна и дека има политичари и пропагандисти кои сакаат да ја нарушат добрососедската соработка помеѓу државите во регионот и дека нашите институции треба да постапуваат согласно со правилата на меѓународното право и добрососедските односи со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Бугарија.

„Прво, има политичари во Бугарија, има политичари секаде кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу соседни држави и помеѓу држави во поширокиот регион. Постојат и поединци и пропагандисти кои работат за интересите за трети страни коишто не сакат да го видат овој регион интегриран во ЕУ. Сметам дека ние треба да имаме институционални односи на највисоко ниво со сите наши соседи, како што имаме на пример со Србија, со Албанија и со другите и треба да бидеме на тоа високо ниво. И затоа нашите институции секогаш постапуваат согласно со правилата на меѓународното право согласно со добрососедските односи коишто се на врвно ниво во нашата држава“, нагласи Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...