среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: граѓани | 559 резултати

Јавните податоци ѝ припаѓаат на јавноста, а не на институциите

17 јули 2024

Јавните податоци треба да бидат слободно достапни за сите граѓани. Институциите кои располагаат со јавни податоци мора да прифатат дека овие податоци припаѓаат на јавноста, а не на самите институции. Потребно е централизирано планирање на инфраструктурата за податоци под единствен ентитет за да се обезбеди конзистентност, ефикасност и интероперабилност помеѓу сите државни институции, како и […]

Само за три дена во Србија се предадени шест илјади парчиња оружје

11 мај 2023

Во првите три дена од важноста на мерката која Србија ја воведе за предавање нерегистрирано оружје кај граѓаните, за само три дена, предадени се 5.973 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 парчиња мини експлозивни направи, соопшти српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција ги повика сите граѓани кои поседуваат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни […]

Борбата за превласт во Судан продолжува, досега загинати над 400 лица

24 април 2023

Дипломати и граѓани од различни земји се евакуирани од Картум, главниот град на Судан, бидејќи градот продолжува да доживува интензивни борби меѓу редовната армија и моќните паравоени сили. САД и Велика Британија најавија евакуација на нивните дипломати од земјата, додека Франција, Германија, Италија и Шпанија исто така ги евакуираат своите граѓани, пренесе Би-би-си. Борбата за […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

4 април 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

Подготвена алатка за мерење на работата на јавните обвинителства​

28 март 2023

Јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но и другите чинители на власта мора да ги обезбедат сите услови за да се овозможи ефикасно функционирање на Јавното обвинителство, порача Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на денешната конференција „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“. На конференцијата […]

Спасовски: Постои можност наместо замена на регистарските таблички, да се воведат налепници

27 март 2023

Во Министерството за внатрешни работи (МВР) е формирана работна група која работи на решение за регистерските таблички, кое подразбира почитување на Преспанскиот договор. Се разгледува и опција за налепници што би се налепувале на табличките. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Според Радио Слободна Европа, […]

Граѓаните донирале над 162.000 евра за настраданите во Турција и Сирија

8 февруари 2023

Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на С. Македонија. Според Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити граѓаните и овој пат на дело ја покажале својата хуманост и солидарност. „Заклучно со 7 февруари преку донаторските телефонските линии се собрани […]

ЕВРОМЕТАР: 72 отсто од граѓаните сметаат дека земјава се движи во погрешна насока, но ЕУ останува најдобра алтернатива

8 февруари 2023

Високи 61 отсто од граѓаните сметаат дека во Република Северна Македонија нема демократија, а уште повеќе, 72 отсто, сметаат дека земјава се движи во погрешна насока. Перцепција за висок степен на корупција, слаба доверба во институциите, недостаток на владеење на правото и голема партизација на општеството, покажа истражувањето ЕВРОМЕТАР 22 на Центарот за европски стратегии […]

Не купувајте на Интернет ако не ви издадат фискална сметка, апелираат во Пазарниот инспекторат

6 февруари 2023

Кога купуваат онлајн, граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот заради блокирање на страницата, велат во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Оттаму апелираат граѓаните да бидат внимателни, односно пред да извршат […]

Во Скопје казнети 206 возачи за брзо возење и возење под дејство на алкохол

23 октомври 2022

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилени акциски сообраќајни контроли. Во Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои најмногу за поголема брзина од дозволената, потоа санкции за возење без возачка дозвола, како и казни за возење под дејство на алкохол. „10 санкции се изречени за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на […]

Од утре започнува караван за вакцинација, граѓаните ќе може да се вакцинираат на лице место

18 октомври 2022

Од утре, Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ќе го започне караванот за информирање и вакцинација, информираат во министерството. Предвидено е да се посетат 24 заедници низ земјата, под слоганот „Заедно заштитени – вакцините делуваат“. „Караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините […]

Започнува вакцинација против сезонски грип, набавени 40 илјади вакцини

13 октомври 2022

Следната недела започнува вакцинацијата против сезонски грип, информираат од Министерството за здравство. За оваа намена се набавени 40.000 вакцини против сезонски грип за ранливи групи население. Се чека да завршат законските процедури во МАЛМЕД за да започне вакцинирањето, а граѓаните имаат опција да пополнат пријава за вакцинирање. „Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, […]

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одлучува дали се врши дискриминација на лицата со посебни потреби во Канцеларијата во Карпош

11 октомври 2022

По објавувањето на истражувачката сторија на Порталб.мк , Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го разгледа барањето за да се утврди дали во Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ во Карпош се врши дискриминација на лицата со посебни потреби. Порталб.мк посети неколку од канцелариите каде што граѓаните можат […]

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

28 септември 2022

Граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време, за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да се види одблиску како функционираат. Според она што го […]

Владата воведува мерки за штедење струја, за институциите се задолжителни

16 август 2022

Државните институции од септември ќе мора да воведат конкретни мерки за заштеда на струја, кои ќе подразберат намалување на сметките за електрична енергија за 15 отсто. За граѓаните и компаниите се предвидени препораки за заштеда на струја, но за државните институции има конкретни задолженија кои ќе мора да се исполнат, за да нема санкции. Министерот […]

Не излегувајте во периодот од 10 до 14 часот, апелира Министерството за здравство

27 јуни 2022

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на земјава, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, […]

Очевидец кој бил само неколку метри од убиецот во Осло зборува за Порталб.мк

27 јуни 2022

Раните утрински часови во саботата, во Осло, Норвешка, се претворија во кошмар за многу граѓани кои случајно се нашле на местото каде се случи нападот на два локали, при што беа убиени две лица, а 21 лице повредени. Начинот како се случил целиот напад го видел и еден Албанец, чиј локал се наоѓа на неколку […]

Во земјава има 6.037 доктори на науки и 18.897 неписмени лица

1 јуни 2022

Во С. Македонија, 6.037 лица (0,4 отсто) се со докторат, 23.192 лица (1,5 отсто) немаат никакво образование, а пак, 62.129 лица (4,1 отсто) се со незавршено основно образование. Ова го покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во […]

Кејот на Вардар во Карпош неосветлен, граѓаните навечер се рекреираат во темница [фото]

30 мај 2022

Пешачката и велосипедската патека покрај реката Вардар во скопската општина Карпош изминативе денови воопшто не е осветлена. Граѓаните кои се рекреираат во вечерните часови се во опасност поради темницата. Со исклучок на многу мал број светилки кои работат, целата патека е неосветлена на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“. Поради […]

Стојановски: 83 отсто од граѓаните сметаат дека дезинформациите се општествен проблем

11 мај 2022

Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 вчеравечер зборуваше за кревањето на свеста во јавноста за негативните ефекти од дезинформациите. Тој посочи дека според новите сондажи на јавното мислење, огромен дел од граѓаните сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем на општеството, и бараат мерки од страна на државата за […]

Страна 1 од 28