fbpx

Започнува вакцинација против сезонски грип, набавени 40 илјади вакцини

-

Следната недела започнува вакцинацијата против сезонски грип, информираат од Министерството за здравство. За оваа намена се набавени 40.000 вакцини против сезонски грип за ранливи групи население. Се чека да завршат законските процедури во МАЛМЕД за да започне вакцинирањето, а граѓаните имаат опција да пополнат пријава за вакцинирање.

„Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата „Абот“ од Холандија. Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат“, велат во министерството.

Оттаму информираат дека испратиле допис до матичните лекари, со цел да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...