Во Скопје казнети 206 возачи за брзо возење и возење под дејство на алкохол

Фото: МВР на Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилени акциски сообраќајни контроли. Во Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои најмногу за поголема брзина од дозволената, потоа санкции за возење без возачка дозвола, како и казни за возење под дејство на алкохол.

„10 санкции се изречени за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на црвено, четири мерки за нерегистрирани возила. Контролите продолжуваат“, соопштува МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.