fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко Црвенковски нема морален кредибилитет да зборува за решенија

Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и на мрачните сценарија на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на Бранко Црвенковски. „Лицето Бранко Црвенковски, кому очигледно му здодеаја прошетките по Флорида и седенките и севдалинките по локалите во Македонија, денеска се појави со писмо, очекувајќи целата...

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Во Делчево, во Домот на културата АСНОМ, денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина пред граѓаните. На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров, и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски. Тројцата се членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Делчево ќе ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Никој ниту е истепан, ниту завршил во ендек

По прес-конференцијата на СДСМ во општина Центар, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели дека ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви. „СДСМ со секоја нова прес-конференција го покажува очајот и немоќта во која е заглавена. Жално е и поразително што главниот адут...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир во Прилеп

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Прилеп. Како што информираат од партијата, собирот ќе се одржи во прилепската универзална сала Арена „Сонце“, а на него свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски. На собирот, како што е најавено, ќе бидат изнесени ставовите и позициите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања и плановите на партијата за...

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ утре во Прилеп

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ утре, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Прилеп. Како што информираат од партијата, собирот ќе се одржи во прилепската универзална сала Арена „Сонце“, а на него свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски. На собирот, како што е најавено, ќе бидат изнесени ставовите и позициите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања и плановите на партијата за...

„Непредвидливиот“ Груевски ќе реши за нов партиски лидер во Штип

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ распиша оглас за избор на координатор на партиската младина - Унија на млади сили во Штип, што ги подгреа гласините дека во случајот би можел да се реши и изборот на координатор на општинскиот комитет на партијата. Актуелниот координатор на општинскиот комитет, кој е и пратеник во Собранието, Никола Мицевски, вели дека изборот наскоро ќе биде...

Јанкулоска од Свети Николе: Наредбодавците на Заев сакаат да предизвикат страв кај граѓаните

Министерката Гордана Јанкулоска вечерва во Свети Николе го имаше првото појавување  пред граѓаните на партиска трибина,  откако СДСМ почна да објавува снимки од прислушуваните разговори. Снимките и потегот на СДСМ беа основата во нејзиниот говор пред „своите“. - Не случајно безбедносните служби се центарот на „бомбите“ на Заев, бидејќи тоа е и целта на неговите наредбодатели. Намерата им е да предизвикаат...

Ќе има трета рунда преговори во Брисел меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Заврши втората рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ во Брисел. По средбата беше објавено само кусо соопштение од европскиот посредник, европратеникот Едвард Кукан, во кое се потврдува дека ќе се одржи и трета рунда. Други изјави за јавноста нема. Непознато е за што разговарале присутните, ниту дали е постигнат некаков договор. Европските посредници се обидуваат да им помогнат на...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со трибина во Свети Николе

Нова трибина закажа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, овојпат во Свети Николе, вечерва во 18 часот. Партијата како говорници ги најави членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Владимир Пешевски, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, и Сашо Стефановски, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување. Трибината ќе се одржи во Домот на културата. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со организирање трибини еднаш неделно во помалите градови...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в среда повторно во Брисел

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНE в среда, вторпат ќе се сретнат во Европскиот парламент со посредство на тројката европратеници Вајгл - Кукан – Ховит, дознава телевизија „Телма“. Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии, како и при првата средба, од која единствениот исход беше расположението на двете партии повторно да се сретнат. Нов републички...

Шаклевски: Ковачевски зборува за криминал, а е послушник на аболициран криминалец

Со какво лице Васко Ковачевски зборува за криминал кога самиот е послушник на аболициран обвинет за криминал, какво што е лицето З.З., реагираше денеска Благој Шаклевски, портпарол на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, по поднесената кривична пријава од СДСМ против градоначалникот Владимир Талевски. - Со какво лице Васко Ковачевски зборува за трошење народни пари кога самиот речиси една година незаслужено...

Борче Димитровски, нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Борче Димитровски, актуелниот директор на Центарот за култура во Битола, е новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Нов лидер битолските вмровци избираа неколку месеци, на што претходеа интервјуа на кандидатите и анкети меѓу членството и граѓаните. Веста за назначувањето на Димитровски ниту официјално ја потврдуваат во општинскиот комитет во Битола ниту, пак, ја демантираат. Наши извори велат...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е маша на странски центри

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Зоран Заев за амнестијата во хашките случаи. Оттаму тврдат дека СДСМ продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација на Македонија. „Неговата улога е да биде маша на странски центри кои имаат цел - нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед. Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали, кои ги...

ВМРО-ДПМНЕ нема да собира потписи за поддршка на Груевски пред конгресот

Во некои општински комитети се собираат потписи за поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неофицијално дознава „Мета“. Според нашите извори од партијата, во Штип се потпишувале видни и истакнати партиски личности, а од битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ велат дека потписите ставени за „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ се и потписи за поддршка на Груевски. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не станува...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Велески е еден од најлошите примери

Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес-конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој, додека 20.000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Сашо Велески, претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп. „Во времето...

Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Teтово, во спортската сала на Медицинското училиште „Никола Штејн“. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски, и други членови на високото раководство на партијата. Настанот е дел од караванот на големи собири на владејачката партија низ целата земја, на кои партиското раководство порачува дека нема да дозволи никакви црни...

Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, па да ме исклучува така

На иницијатива на основачите и на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, партијата од своето членоство го исклучила професорот Јове Кекеновски, јавува „Република онлајн“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, дисциплинската комисија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел, донела одлука за исклучување на Кекеновски од партијата. Како причини биле наведени неговите обиди за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ направија удар врз безбедносниот систем

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и на СДСМ да направат удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи, стои во реакцијата на партијата. „Особено сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многупати досега ѝ помагале на Република Македонија. Зоран Заев, според информациите...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно сака да ја наруши стабилноста на државата

Лидерот на СДСМ му нанесува директна штета на безбедносниот систем и на капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и на државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена по денешната прес-конференција на СДСМ. - Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денеска е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон...

СДСМ: Каде беа вчера штипјани?

Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, вчера беше цела Македонија, но најмалку луѓе од Штип, рече на прес-конференција општинскиот лидер на СДСМ, Владимир Милошев. Според Милошев, на вчерашниот таканаречен „сенароден собир во Штип“, ВМРО-ДПМНЕ доживеа уште едно големо фијаско. - Во градот пристигнаа четириесетина автобуси, а во салата имаше сè освен штипјани - изјави Милошев, според кого, ова е резултат на...

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...