fbpx

Шаклевски: Ковачевски зборува за криминал, а е послушник на аболициран криминалец

-

Со какво лице Васко Ковачевски зборува за криминал кога самиот е послушник на аболициран обвинет за криминал, какво што е лицето З.З., реагираше денеска Благој Шаклевски, портпарол на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, по поднесената кривична пријава од СДСМ против градоначалникот Владимир Талевски.

– Со какво лице Васко Ковачевски зборува за трошење народни пари кога самиот речиси една година незаслужено ги троши народните пари од пратеничката плата без да се појави во Собранието. Со какво лице Васко Ковачевски влегува во судот и во обвинителството кога врхушката на СДСМ, сите свои капацитети ги мобилизираше во гнасно дискредитирање и девалвирање на судиите и на обвинителите кои чесно си ја вршат својата работа. Со какво лице Васко Ковачевски ги повикува утре да излезат на улица битолчани, кои останаа без работа и без пари во срамната приватизација и во аферата ТАТ – најголемите и најуспешни проекти на СДСМ. Васко Ковачевски денеска призна дека единствениот, како што самиот го нарече, „проект“ на СДСМ во изминатите десет години е безобразното пуштање незаконски снимени и креирани телефонски разговори, со кои се нарушува приватноста, се уриваат инстистуциите на државата и се оддаваат државни тајни – изјави Шаклевски.

Народот се чуди, рече Шаклевски, како не им е срам што во пресрет на најсветлиот христијански празник, за време на страсната седмица, продолжуваат да се занимаваат со валканици, со ширење гнев, омраза и со поделби меѓу своите сограѓани.

– Кога лицето З.З. го узурпираше зборот „вистина“ при објавувањето на првата „бомба“ лицемерно рече – радувајте се.  Денес е голем празник – Благовештение, кога навистина ни прилега да се радуваме, ама на добрите, благи вести за проектите за градење, за развој, за вработување. Проектите на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сето плукање и омаловажување, сепак се посилни и порадосни од сите валканци што оркестрирано ги сервираат СДСМ и непријателите на македонскиот народ и држава. И затоа почитувани битолчани, да ги оставиме оние за кои ништо не е свето да тонат во сопствената мизерија, а ние заедно вистински, денеска да се радуваме – изјави Шаклевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...