fbpx

И Македонија се изјасни за „Турски тек“

-

Македонија, Грција, Унгарија, Србија и Турција изразија согласност со идејата за гасовод кој преку Турција ќе пренесува гас кон Југоисточна и кон Централна Европа.

Во заедничката декларација од денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција и на Србија, премиерот на Унгарија и на министерот за европски прашања на Турција се наведува дека петте држави ја поддржуваат идејата за комерцијално одржливa опција за да се зголемат изворите за пренос на природен гас од Турција кон Југоисточна и кон Централна Европа, како и кон други држави од ЕУ.

Во декларацијата се наведува дека енергетската соработка ќе помогне за благосостојба на граѓаните, ќе им помогне на индустриите, но и ќе има клучна улога во подобрување на меѓусоседските односи меѓу петте држави низ кои би поминувал новиот гасовод „Турски тек“ кој не е директно споменат во текстот.

Се споменува дека секоја од државите очекува дека ваков нов гасовод би помогнал да се поддржи националната економија, да се донесат нови странски инвеститори, а се забележува и дека се земени предвид и улогата на европските фондови за развој на инфраструктурни проекти во Југоисточна и во Централна Европа.

Петорицата учесници забележуваат дека оваа декларација е израз само на политичката волја за нов гасовод и би требало да се развие и да се продолжи со уште подетална дебата и дијалог за да се договорат конкретни детали и прашања за потенцијалниот гасовод кој преку Турција ќе пренесува гас кон Балканот и кон ЕУ.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...