fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в среда повторно во Брисел

-

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНE в среда, вторпат ќе се сретнат во Европскиот парламент со посредство на тројката европратеници Вајгл – Кукан – Ховит, дознава телевизија „Телма“.

Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии, како и при првата средба, од која единствениот исход беше расположението на двете партии повторно да се сретнат.

Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна влада која ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се барањата на СДСМ како појдовна точка за излез од кризата, услови кои засега се воопшто неприфатливи за власта, која изразува подготвеност за дијалог, но не за техничка или преодна влада или за какви било оставки.

Иако јавно побараа да бидат вклучени во разговорите, на средбата задутре нема да има претставници од ДУИ.

Од партијата на Ахмети велат дека сè уште е рано за тоа бидејќи конкретната агенда за преговори не е на дневен ред, туку сè уште се работи на помирување на двете партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...