fbpx

„Непредвидливиот“ Груевски ќе реши за нов партиски лидер во Штип

-

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ распиша оглас за избор на координатор на партиската младина – Унија на млади сили во Штип, што ги подгреа гласините дека во случајот би можел да се реши и изборот на координатор на општинскиот комитет на партијата.

Актуелниот координатор на општинскиот комитет, кој е и пратеник во Собранието, Никола Мицевски, вели дека изборот наскоро ќе биде завршен.

– Не само поради партиското правило, туку реално има многу работа на двете функции. Затоа очекувам дека наскоро Штип ќе добие нов координатор. Во Битола деновиве беше избран нов, па очекувам дека нарден ќе биде Штип – изјави Мицевски.

Треба да се изберат партиски координатори и во десетина други градови, каде досегашните или добиле нова функција или им истекол мандатот.

Засега во партиски кругови внимателно се лицитира со имиња на потенцијални кандидати, поучени од претходното искуство, кога шестемина, за кои јавно се зборуваше дека се во потесна селекција, не поминаа пред лидерот.

Упатените велат дека Груевски е прилично непредвидлив и дека досега назначувал луѓе кои ниту премногу се истакнувале во партијата, ниту покажувале блискост со првите луѓе во партијата.

Интересот за координаторското место е сосема нормален ако се знае дека вообичаено при предлагањето државни функционери се поаѓа од носителот на таа функција. Поранешниот координатор, Трајче Димков, стана пратеник и сега го троши третиот мандат.

Зоран Алексов одработи и еден градоначалнички мандат, по што се пасивизира, додека актуелниот Никола Мицевски стана пратеник.

Огласот за нов претседател на УМС во Штип, како што ни изјави коорднаторот Никола Мицевски, е поради тоа што актуелниот претседател, Јорданов, добил дополнитена партиска функција, заменик на организацискиот секретар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...