fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов: Најавите на Груевски се само за внатрепартиска употреба

Најавите на премиерот Никола Груевски за освежување на неговиот владин тим, соопштени на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, што изминативе два дена се оддржа во Куманово, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, се потези кои „не се однесуваат на политичката криза“, туку му служат на Груевски „само за внатрешна употреба“. - Тоа што Никола Груевски го соопшти на нивниот т.н. Конгрес е...

СДСМ: Груевски или навистина загубил контакт со реалноста или глуми

„За сериозно преиспитување е дали Груевски навистина загубил контакт со реалноста кога вината ја гледа во сите, само не во себе, или глуми“, се вели во реакцијата на СДСМ на денешниот говор на премиерот Никола Груевски, по реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот Конгрес во Куманово. „Да не е за осуда ова што го прави Никола Груевски, тој би...

Со 528 гласови, Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го доби четвртиот мандат и во наредните четири години ќе биде на чело на партијата, по денешното гласање на делегатите на 15. Конгрес, кој се одржува во Куманово. Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата, Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, гласале 529, од кои 528 гласале „за“, а...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Делегатите денеска гласаат за реизбор на Груевски за лидер

Денеска напладне почнува вториот дел од 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на кој присутните делегати ќе гласаат за реизбор на Никола Груевски за лидер партијата. Право на глас имаат 650 делегати, од кои, како што пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница, 523 вчера биле присутни во салата на Центарот за култура...

СДСМ: Сите гледаат, само Груевски не може да види дека со него е готово

„Никола Груевски виде колку е часот и затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го протне својот срамен, принуден реизбор во партијата“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на денешното обраќање на Груевски пред делегатите и гостите на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржува во Куманово. „Ги призна Груевски доказите од проектот „Вистината за...

Груевски од Конгресот во Куманово: Не сме безгрешни, но покажавме најмногу

„Не дека сме безгрешни, имавме и грешки и пропусти, но покажавме најмногу од сите политички гарнитури досега“, истакна актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред делегатите на 15. Конгрес на партијата, кој денеска и утре се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. - И јас сум човек кој работи и греши. И затоа никогаш,...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе се реизбира претседател на партијата

Денеска и утре владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на кој ќе се избира носителот на највисоката партиска функција, за која единствен кандидат е актулениот лидер, Никола Груевски. На Конгресот се очекува да учествуваат 560 делегати, избрани по различни основи, кои ќе гласаат за претседател на партијата. Гласањето е тајно и треба да гласаат сите присутни делегати, без...

ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивноста на Заев нема граници

„СДСМ е во длабока параноја и шок поради отсуството на ефект од настапите и немањето интерес и поддршка од народот, но и зашто деструктивноста на Заев нема граници“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на општинската организација на СДСМ во Кавадарци. „Во денешното објавување на креираните, сечени и монтирани материјали, преку кои Заев продолжува да одработува за...

„Амстердамската тројка“ ќе формира граѓанско движење под името „Има иднина“

„Амстердамската тројка“, односно Владимир Лазаревик, Никола Димитров и Перо Димшоски, во пресрет на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат формирање на граѓанско движење под името „Има иднина“, јавува „24 Вести“. - Целта на таа граѓанска платформа, во форма на граѓанско здружение, што е сосема различно од политичка партија, е вистински да покаже дека во Македонија има граѓани што имаат капацитет, дека...

На ВМРО-ДПМНЕ „му пукна“ мнозинството во Општина Охрид

Советот на Општина Охрид на вчерашната седница не ја усвои одлуката за поништување на постапката за концесија на јавното осветлување во Охрид, по пат на јавно партнерство со чешка фирма. ВМРО-ДПМНЕ, иако го има, не го обезбеди потребното мнозинство за оваа точка, за која гласаа само 11 советници. Од мнозинството, отсутни беа советниците Илјат Ибраими и Коста Трифуноски, додека опозициските беа...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 2 и на 3 мај во Куманово

Петнаесеттиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на втори и на трети мај во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи. На овој конгрес треба да се избере претседателот на партијата, а рокот за поднесување кандидатура е до петок, до 15 часот, во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. - Постапката за избор на претседател...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека нема чувство на одговорност кон државата

„Денешната прес-конференција на СДСМ е срамна и предавничка. Со денешните монтирани, прилепувани и сечени разговори, СДСМ покажува дека нема ниту грам чувство на одговорност кон државата, но и кон бранителите и сите останати граѓани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СДСМ во Гостивар. „СДСМ толку навлезе во манипулации, што се самите контрадикторни, секоја лага е спротивна...

Груевски од Охрид: Ми се гади од антидржавната реторика на опозицијата

Охрид заслужува повеќе и правиме сè што можеме за да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од салата „Билјанини извори“ во Охирд. Груевски, обраќајќи се пред присутните на народниот собир, рече дека опозицијата го „заглави Охрид во повеќе од 35 милиони евра долгови“ и оти веќе две години се обидуваат да...

Народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ утре се сели во Охрид

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ утре, со почеток од 13 часот, во Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, ќе одржи нов народен собир. Најавено е обраќање на лидерот на партијата, Никола Груевски, а ќе говорат и други партиски челници. На собирот се очекува да бидат изнесени ставовите на партијата за повеќе актуелни теми и за тоа какви ќе бидат чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во...

ВМРО-ДПМНЕ: „Бомбата“ на СДСМ во Велес пукна пред 20 години

„Бомбата на СДСМ во Велес, за жал, пукна пред дваесетина години кога поради погрешните политики на СДСМ се затворија речиси сите фабрики и претпријатија, а повеќе од 10.000 велешани останаа без работа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфереција на СДСМ, на која претседателот на велешкиот разгранок на партијата, Панче Иванов, објави снимки за три скандали во кои...

СДСМ: 83 отсто од центарци ќе излезат и ќе гласаат за спас на ГТЦ

Граѓаните на општина Центар, во огромен број сакаат да се задржи автентичниот изглед на Градски трговски центар (ГТЦ) и според најновата анкета, 83 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе излезат на референдум в недела и ќе гласаат за задржување на изгледот на ГТЦ, изјави денеска претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. - Од ова се...

Ставрески од Гостивар: Нема да дозволиме да си поигруваат со стабилноста на Македонија

Со овие трибини сакаме да покажеме дека сме со народот и во време кога неодговорната опозиција наметна ситуација која никој не ја посакува, рече министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, денеска на трибината на ВМРО-ДМПНЕ во Гостивар и порача дека нема да дозволат никој да си поигрува со стабилноста и со безбедноста на државата. Ставрески рече дека ова не е...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стои зад приказната со венецот на Борјан Јовановски

Денешната прес-конференција на Зоран Заев и на СДСМ е доказ дека сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст, реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, на сите им е јасно дека срамната приказна со венецот на новинарот Бојран Јовановски е измислена...

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко Црвенковски нема морален кредибилитет да зборува за решенија

Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и на мрачните сценарија на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на Бранко Црвенковски. „Лицето Бранко Црвенковски, кому очигледно му здодеаја прошетките по Флорида и седенките и севдалинките по локалите во Македонија, денеска се појави со писмо, очекувајќи целата...

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Во Делчево, во Домот на културата АСНОМ, денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина пред граѓаните. На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров, и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски. Тројцата се членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Делчево ќе ги...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...