fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Димовски: Обвинителството и судовите се независни

„Вчерашната средба на работната група е, ако не се лажам, седма по ред. На претходните, членовите на СДСМ или ќе дојдеа и веднаш ќе си заминеа или воопшто не доаѓаа. Причината поради која не се известува јавноста за тие средби е да има поголем квалитет на средбата“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, објави „Плусинфо“. Запрашан како...

Крв, лицемерие, навреди и песимизам: Каде се изгуби духот од Пржино?

Бруталниот и недипломатски начин на разговори и преговори меѓу власта и опозицијата кој почна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, очигледно сè уште не е завршен. Тогаш лидерите се согласија зад себе да ги остават партиските интереси и да размислуваат за доброто на грѓаните и на државата, но само по една недела го заборавија тоа, па партиските секири кои  биле само засолнети,...

СДСМ: Со граѓаните направивме програма за враќање на средната класа

„СДСМ заедно со граѓаните, по бројните средби во цела Македонија, ја направи програмата за враќање на средната класа. Тим на СДСМ веќе подготви дополнувања на програмата со нови предлози и решенија“, пишува во соопштението на опозициската партија. Во соопштението се вели дека оваа програма ќе им го врати достоинствениот живот на граѓаните, кој им бил одземен од тесната профитерска група на власт. „ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

„Сите институции се во рацете на Никола Груевски. По девет години, уште ли мисли Груевски дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата? Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани - критичари на власта, приврзаници на опозицијата“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод...

Преговорите во Пржино биле недипломатски и брутални

По потпишувањето на договорот од Пржино, европските дипломати полека се отвораат. Ноќта била напорна, раскажуваат, а претставниците на европските институции употребиле „брутален“ јазик за да им стават до знаење на четворицата потписници дека „ова е крајна шанса“, вели дипломатски извор од една европска институција присутен на сите фази од преговорите. Имплементацијата на она што се потпиша на 15 јули сега...

Кампот пред Собранието останува, се чека одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Чуварите на демократијата“ од кампот во паркот Жена-борец спроти Собранието сè уште ја чекаат одлуката на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе знаат дали ќе се повлечат како активистите од спротивниот табор, кои денеска ги кренаа шаторите од „Кампот на слободата“ пред Владата. Во кампот спроти Собранието денеска владееше вообичаена атмосфера, како и во изминатите денови. Иако од кампот вчера за...

ВМРО-ДПМНЕ: Саше Ивановски е само алатка на други лица

Срамна е реакцијата на ЗНМ по денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица, кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви...

Димовски: Министри и пратеници нема да бидат на чело на владата пред изборите

Премиерот што ќе ја раководи владата во периодот од 100 дена пред изборите, закажани за 24 април следната година, а ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде функционер на партијата кој во моментот извршува каква било политичка функција, изјави Илија Димовски, во интервју за телевизијата „Канал 5“. „Партијата ќе си постапува врз база на статурните одлуки и ќе одлучи кој...

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Нуланд ги почна средбите – нема детали за разговорите

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, утринава се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во тек е средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Засега не се откриваат детали од досегашните средби, но како што претходно беше најавено од американската амбасада во Скопје, Нуланд на политичките...

Нуланд ќе се обиде да ги заживее преговорите

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, денеска во Скопје ќе има одвоени средби со политичките лидери и со премиерот Никола Груевски. Посетата на Нуланд доаѓа откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, изјави дека преговорите што се водеа под посредништво на ЕУ и на САД се неуспешни. Лидерот на опозицијата го обвини Груевски дека ги избегнува...

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ се обидува да ги потцени граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конфернцијата на Максим Димитриевски од СДСМ, при што во соопштението до јавноста од владејачката партија наведуваат дека, опзицијата се обидува да ги потцени граѓаните, понижувајќи ги пред камери дека ништо не паметат. - „Како мал не му давале да си игра камај, па сега мора тоа да го изживее“. Ова беше јавно искажаниот став на портпаролот на партијата,...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да прифатиме промена на министри и на премиер

Во досегашниот тек на преговорите, ВМРО-ДПМНЕ направи многу отстапки за компромис и нема простор за нови, особено во делот на организација на Владата, соопштија од партијата по седницата на Извршниот комитет одржана вчера. Оттаму велат дека промена на министри и на премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати. – Во досегашниот тек на преговорите, ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи...

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски лиферува погрешни информации

Од самиот почеток на изградба на објектот, ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ја водеше крајно транспарентно, со објави во весници и со контиунирано информирање на јавноста за сите чекори од постапката, велат од владејачката партија. „Под транспарентна постапка беше избран и инвеститор. Постапките пред Општина Центар се во тек за финално добивање употребна дозвола, за што Општина Центар мора да знае бидејќи...

Општина Центар: Зградата на ВМРО-ДПМНЕ нема употребна дозвола

Општина Центар изврши инспекциски надзор над градбата на АДГ „Бетон“, чиј дел е и седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Инспекцијата, при увидот, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот иако за тоа не се исполнети законските услови. Објектот, според инспекторите, е во фаза на изградба и во согласност со законот, „Бетон“ не може да достави записник од...

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ не ги разбираат препораките од ЕУ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во опозицискиот СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија, кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и на функционалноста на институциите. „Во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите други институции. Ако на СДСМ му пречат активностите на државните институции во насока на исполнување на...

Нова постава на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Новиот локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, избра сосема нов тим за општинскиот комитет на владејачката партија во Битола. Димитровски избра млади профилирани кадри на ВМРО-ДПМНЕ, но направи релации и со старото членство на партијата. За потпретседател ја избра директорката на Пелагонскиот плански регион, Емилија Ѓероска, новинарка по професија, која ќе го води и Центарот за комуникации на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нервира зошто процесите во Македонија одат напред

И Шилегов и СДСМ, ниту ги прочитале, ниту ги разбираат препораките од Прибе, ниту, пак, во своето дејствување воопшто водат сметка за европската перспектива на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. „И Шилегов и СДСМ сè што сакаат да постигнат е да направат хаос во државата, зошто само така се надеваат дека можат да...

ВМРО-НП: Македонија да биде една изборна единица

ВМРО – Народна партија го поздравува одговорниот приод и јасно изразената подготвеност на четирите политички партии за придржување кон договорот од 2 jуни, потпишан со посредство на ЕУ и на САД, и за негово целосно имплементирање, што гарантира успешно решавање на политичката криза. „Го изразуваме нашето задоволство што во овој документ се содржани повеќе наши конструктивни предлози и ставови и убедени...

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата немаше никакви трошоци за изградба на објектот

СДСМ се обидува стопати повторена лага да ја претвори во вистина. Вистината е дека ВМРО-ДПМНE за сиот имот што го поседува има уредна документација и целокупниот имот е стекнат на легален начин, а вредностите кои од ракав денеска ги тресеше Шилегов се неточни“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата што денеска ја одржа портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...