fbpx

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ се обидува да ги потцени граѓаните

-

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конфернцијата на Максим Димитриевски од СДСМ, при што во соопштението до јавноста од владејачката партија наведуваат дека, опзицијата се обидува да ги потцени граѓаните, понижувајќи ги пред камери дека ништо не паметат.

– „Како мал не му давале да си игра камај, па сега мора тоа да го изживее“. Ова беше јавно искажаниот став на портпаролот на партијата, Петре Шилегов, во врска со кумановската акција, во која, бранејќи ја својата татковина, своите животи ги положија осуммина херои и патриоти. Ова срамно девалвирање на храброста и на пожртвуваноста на полициските специјалци беше јавно изречено на денот на акцијата, на 9 мај, неводејќи сметка за семејствата на починатите или повредените – се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека од СДСМ, додека беа на власт, дозволија неколку месеци вооружена група од Кондово да го држи Скопје во заложништво.

– Стратегијата да се потпалат страстите и да се предизвика сомнеж во професионалното постапување на полицијата преку инсинуации за прекумерна употреба на сила врз цивили не успеа. Лицемерието и лажната грижа прикажани денеска и во минатото се доказ за тоа – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...