fbpx

ВМРО-НП: Македонија да биде една изборна единица

-

ВМРО – Народна партија го поздравува одговорниот приод и јасно изразената подготвеност на четирите политички партии за придржување кон договорот од 2 jуни, потпишан со посредство на ЕУ и на САД, и за негово целосно имплементирање, што гарантира успешно решавање на политичката криза.

„Го изразуваме нашето задоволство што во овој документ се содржани повеќе наши конструктивни предлози и ставови и убедени сме дека ова ќе обезбеди фер и демократски избори, а со дополнување на одредени законски решенија, ќе се доизгради системот со што ќе се овозможи широка демократизација на општеството. Меѓутоа, за успешно реализирање на овој проект, неопходно е и вклучување на помалите политички партии со почитување на нивните мислења и предлози, наспроти досегашната практика на ексклузивитет на двете најголеми партии, сами да донесуваат одлуки од исклучително значење, а што се однесуваат на сите граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

Партијата бара Македонија да биде една изборна единица, без поставување каков било однапред утврден квалификациски праг.

„Исто така, бараме измена на Законот за финансирање на политичките партии, со кој ќе се обезбеди финансиска независност на партиите во нивното функционирање. За таа цел, предлагаме 0,3 проценти од буџетот на Македонија да се издвојува за редовно годишно работење на партиите, а во делот за распределба на средствата од изборните резултати, единствен критериум да биде бројот на освоени гласови на изборите.
Рамноправната медиумска застапеност на политичките партии е главен услов за демократско претставување и за изјаснување на партиите пред граѓаните и затоа предлагаме, допрецизирање на законските одредби од Изборниот законик, со што ќе се елиминира различното толкување од јавниот сервис и ќе се постигне посакуваната правична застапеност во медиумите“, стои во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...