fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата немаше никакви трошоци за изградба на објектот

-

СДСМ се обидува стопати повторена лага да ја претвори во вистина. Вистината е дека ВМРО-ДПМНE за сиот имот што го поседува има уредна документација и целокупниот имот е стекнат на легален начин, а вредностите кои од ракав денеска ги тресеше Шилегов се неточни“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата што денеска ја одржа портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за доставување понуди за соинвеститор за изградба на градежен објект на земјиште кое е во сопственост на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Целиот процес е транспарентен и во согласност со законските нормативи, објавен во четири дневни весници, што е показател дека градежните активности не се тајна. Понудувачите понудија процент од развиената бруто-површина, кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште (во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде помал од 30 процентиод развиената бруто-површина. Тоа значи дека приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30 проценти од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај, ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...