fbpx

Општина Центар: Зградата на ВМРО-ДПМНЕ нема употребна дозвола

-

Општина Центар изврши инспекциски надзор над градбата на АДГ „Бетон“, чиј дел е и седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Инспекцијата, при увидот, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот иако за тоа не се исполнети законските услови. Објектот, според инспекторите, е во фаза на изградба и во согласност со законот, „Бетон“ не може да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.

„Од увидот, инспекцијата констатираше дека над влезот на објектот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот. Инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегува од границите на градежната парцела и зафаќа дел од имот на Р.М. Инвеститорот се обиде да објасни дека од Град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема. Се работи за градба и затоа инспекцијата на Општина Центар ќе ги побара документите од Град Скопје и од инвеститорот АДГ „Бетон“ и, во согласност со позитивните прописи, ќе донесе соодветни управни акти. Од понеделник, инспекција на Општина Центар повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, за да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од Општина Центар“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...