fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски лиферува погрешни информации

-

Од самиот почеток на изградба на објектот, ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ја водеше крајно транспарентно, со објави во весници и со контиунирано информирање на јавноста за сите чекори од постапката, велат од владејачката партија.

„Под транспарентна постапка беше избран и инвеститор. Постапките пред Општина Центар се во тек за финално добивање употребна дозвола, за што Општина Центар мора да знае бидејќи инвеститорот на објектот има благовремено доставувано за да ги запази сите постапки и процедури  што се неопходни.

Објектот во Центар сè уште не е ставен во функција, а ВМРО-ДПМНЕ својата работа ја извршува во привремениот штаб, при што јавноста, исто така, беше информирана. За сите други аспекти постојат документи и чекори кои се преземени и се во согласност со законите.

Лиферуваните информации во јавноста се гола провокација без никаква законска основа. Фактот дека градоначалникот на општина Центар нема направено ниту еден проект, нема изградено ниту еден објект и нема решено ниту еден проблем на граѓаните, освен пералницата на пари Боемска улица, е вистина, колку и да се занимава со провокации. ВМРО-ДПМНЕ во својата работа секогаш постапувала во согласност со законите.

Наместо да се занимава со објекти во чија изградба се запазени сите законски постапки, градоначалникот на Центар треба да излезе и конечно да проговори за аферата околу перењето пари за шминкањето на Боемска улица, за која се потрошени повеќе од 500.000 евра, пари на граѓаните. Треба да ги објасни личните семејни, пријателски, бизнис и политички интереси со НСДП, Тито Петковски, пратеничката Соња Мираковска, сопственикот на фирмата „Изградба комерц“ и треба да објасни како успеа да потроши толку големи средства за стотина квадрати бехатонски плочки“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...