fbpx

Гласачките места затворија, првите анкети покажуваат предност на гласовите „не“ за мерките

-

Половина час по затворање на гласачките места, агенциите за мерење на јавното мислење ги објавија првичните прогнози за исходот од гласањето според анкети спроведени викендов. Според анкетите, јасно преовладуваат гласовите против европските предлози пред гласовите за мерките на европските кредитори. Според анкетите, гласовите „не“ ќе бидат околу 51,5- 53,5 отсто наспроти 46,5-49 отсто за гласовите „да“. Првичните официјални резултати од министерството за внатрешни работи се очекуваат околу 21 часот.

Според првичните пребројани гласови од министерството за внатрешни работи, на 7 отсто пребројани гласови против гласале 59,9 отсто, а „за“ 40.4 отсто.

Оптимизам преовладува во владејачката СИРИЗА и веќе се слуша дека министрите се подготвени ако референдумот даде гласно „не“ веднаш да заминат за Брисел. Прашањето е дали ќе се остварат ветувањата на премиерот Алексис Ципрас дека во рок од 48 часа по референдумот ќе има договор, а министерот за финансии вети дека доколку преовлада гласот „не“, ќе има договор за 24 часа. Портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис, пред малку изјави дека мора да има договор следните два дена. Но, сценаријата за следниот ден во ниеден случај не се оптимистички и коментарите се дека нема причина за прослава. Се очекуваат нови отежнети преговори со Брисел, кои би завршиле со потенцијален договор со уште построги мерки за штедење, враќање на драхмата, оставка на владата и формирање нова влада за национален спас.

Прашање е како кредиторите ќе одговорат на „не“ од грчкиот народ. Се вртат неколку можни сценарија во случај на силно „да“ и „не“ и мала предност на кој било од гласовите. Во случај да има поголем процент од 4-5 отсто на гласовите „не“, тогаш Ципрас добива силен народен мандат да се врати во Брисел и да истакне дека договорот не одговара на грчкиот народ и да побара попопволни услови, нешто што се оценува дека би било многу тешко да го прифатат европските кредитори. Во случај на послабо „не“, односно разлика од околу 2-4 отсто, Ципрас се смета дека ќе има мала народна поддршка, ќе се врати назад во Брисел со многу помалку сила, без потврди барања што би го ризикувале излезот на Грција од еврозоната, а не се исклучуваат сценаријата во овој случај да има и некаква реконструкција на владата или, пак, формирање влада на национален спас.

Неизвесноста дали ќе отворат банките и понатаму останува. Европската централна банка утре треба да одлучи за ликвидноста на грчките банки, кои полека пресушуваат, а се очекува грчката Народна банка да бара продолжување на системот на финансиска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за големиот празник Воскресение Христово – Велигден од Пендаровски и Џафери

Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата, напиша претседателот Стево Пендаровски, во својата честитка по...