fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нервира зошто процесите во Македонија одат напред

-

И Шилегов и СДСМ, ниту ги прочитале, ниту ги разбираат препораките од Прибе, ниту, пак, во своето дејствување воопшто водат сметка за европската перспектива на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„И Шилегов и СДСМ сè што сакаат да постигнат е да направат хаос во државата, зошто само така се надеваат дека можат да се приграбат до функции и до власт, без поддршка од граѓаните, со една единствена цел – да ги злоупотребуваат онака како што тоа го правеле додека биле на власт. Ако ништо не зависи од Груевски, што се заморуваат тогаш и зошто вака панично реагираат? Очигледно се нервираат што Република Македонија спроведува препораки од ЕУ и што процесите одат напред, а тие се на страна и се занимаваат само со деструкција“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека во препораките од Прибе јасно и недвосмислено стои препорака до Собранието на Република Македонија да ги направи функционални комисиите и да го пополни нивниот состав, без разлика на тоа дека една пратеничка група се одлучила да бојкотира. Одлуката на СДСМ да не учевствува во Собранието не може и не смее да значи дека Собранието не смее да функционира.

„Шилегов треба да престане да се замислува дека Македонија постои заради неговата волја и волјата на неговиот претседател Зоран Заев. Институциите на Република Македонија фунционираат и ќе функционираат во насока на исполнување на европските стандарди. Ако тоа им пречи на СДСМ, тогаш очигледно си имаат проблем сами со себе“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...