fbpx

Мигрантка од Сирија се породи во Македонија

-

Мигрантка од Сирија се породила денеска со здраво женско дете во здравствениот дом Гевгелија.

„Во близина на граничната линија, патролен тим од Полициската станица Богородица пронајде две лица, илегални мигранти од Сирија, од кои едното лице веднаш побарало медицинска помош. Веднаш е утврдено дека се работи жена која имала породилни болки. Патролнот тим веднаш известил за потребата од доктор, кој дошол на самото место. Од лекарскиот тим се извршени оперативни дејства кои се потребни и сега лицето е во стабилна состојба и ќе остане во Здравствениот дом во Гевгелија додека е потребно“, информираат од МВР.

Од страна на родителите, дадено е име на девојчето и ќе почне постапка за комплетирање на сите потребни документи за детето и за добивање извод од матичната книга на родените.

Родителите на бебето имале намера да одат за Германија, каде еден од нив имал сестра и брат кои веќе добиле азил и се наоѓаат во градот Хамбург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...