fbpx

Судир меѓу турските и курдските сили долж турско-сириската граница

-

Пет проектили се испукани од територија што ја контролира курдската милиција во Сирија на турската провинција Хатај, што предизвика возвратен напад на турската војска, соопшти армијата на Турција.

Во соопштението се наведува дека проектилите се испукани околу 5.50 часот наутро по локално време и оти нема жртви и причинета материјална штета во нападот, кој бил изведен во ненаселено подрачје.

Турската војска возврати, напаѓајќи позиции на курдската милиција во сириската провинција Арфин.

Турската воена авијација утринава извршила 26 воздушни напади на 18 позиции на курдските „Народни заштитни единици“ во Северна Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...