fbpx

Стејт департментот со критика за борбата на Северна Македонија против трговијата со луѓе

-

Крупни забелешки за властите на Северна Македонија во поглед на борбата против трговијата со луѓе дава Стејт департментот на САД во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот за 2019 година.

Извештајот почнува со забелешка дека власта не ги исполнува целосно минималните стандарди за сузбивање на трговијата со луѓе, но и дека прави значителни напори за да го постигне тоа.

„Власта демонстрираше општо земено засилени напори во споредба со претходниот период, но сепак Северна Македонија останува на 2 ниво. Тие напори се истражување, судско гонење и пресуди за поголем број трговци и идентификација на поголем број потенцијални жртви. Власта ги зголеми ресурсите за заштита на жртвите и го измени Кривичниот закон за да внесе заштита од казнување за жртвите. Сепак, не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области . Судиите продолжуваат да изрекуваат благи казни што се под минималните казни предвидени за трговијата со луѓе. Иако беше истражуван полицаец за соучесништво, корупцијата и официјално соучесништво во криминалот со трговија со луѓе остануваат причина за сериозна загриженост, а власта не гонела официјално лице во последниве години“, се вели во извештајот.

Како забелешка е наведено и тоа дека четврта година по ред не се даваат грантови за граѓански организации што се борат против трговијата со луѓе, иако тие организации во огромен дел зависат од таква поддршка.

Стејт департментот преорачува агилни истраги, обвиненија и осуди за трговците со луѓе, вклучително и вмешаните официјални лица, но и други конкретни мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...