fbpx

Спасовски никогаш не кажал дека Палевски имал дојава од МВР, па избегал

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во објава е целосно фабрикувана

-

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Министерот за внатрешни работи, во ниту еден момент, на ниту една прес-конференција не кажа дека некој од МВР му дал информација на осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по што тој побегнал од државата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува напис од веб-портал кој тврди дека  првоосомничениот во двократното убиство што ја потресе Македонија, Љупчо Палевски – Палчо, имал дојава од некој во Министерството за внатрешни работи. Ова не е точно.

ПАЛЧО ИМАЛ ,,ДОЈАВИ” ОД МВР! ЕВЕ ГИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗЛОСТОРСТВОТО ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ОТКРИЕНА Е РУТАТА НА БЕГСТВОТО (ФОТО), пишува во објавата.

На вирална објава на Фејсбук споделен е напис од веб-портал на кој што се споделува невистина дека Љупчо Палевски имал дојава од МВР, па затоа можел да избега.

Палевски, кој е првоосомничен за киднапирање и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, избега од држава по што беше пронајден во Турција, каде што сега се наоѓа во екстрадициски притвор.

Во написот кој што е се споделува на Фејсбук невистинито се тврди дека Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рекол дека некој од МВР му давал информации на Палчо.

Несомнено е дека некој од МВР дал информации за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па осомничениот организатор и спроведувач Љупчо Палевски – Палчо побегнал од Македонија – изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува во написот на веб-порталот.

Ова не е вистина. Ова е целосно измислена изјава на министерот Спасовски кој не кажа вакво нешто на прес-конференцијата, ниту кога било пред или потоа. Спасовски во никаков контекст, ниту како што е презентирано во написот, ниту на каков било друг начин, не кажа дека кој било од МВР му дал информации на Палчо. Напротив, тој кажа дека такво нешто не би било возможно со оглед на тоа дека кога МВР открила за кого се работи, тој веќе ја напуштил државата.

На прес-конференцијата што Спасовски ја одржа пред МВР еден од новинарите праша:

Павлевски ја напуштил државата уште пред јавно да објавите дека имате осомничени и приведени. Дали ќе проверувате внатре во институциите дали можеби имал доушник кој го предупредил да избега од државата (30:55 од видеото).

На што Спасовски одговара:

Не можел никој да знае затоа што после тоа е утврдено.

Истото ова Спасовски го кажа и објасни и на прес-конференцијата што ја држеше заедно со Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, еден ден претходно.

Не може да има дојава за него заради тоа што излегувањето (се мисли од државата – н.з.) е претходно, пред да ги утврдиме овие факти практично и приведувањето на другите лица кои што беа. Приведовме пет лица кои што беа поврзани и тогаш практично се извршија одредени претреси и обезбедивме докази. Таа информација никој ја немал претходно за учесникот за да може да му дојави (23:44 од видеото).

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Во ниту еден дел од двете прес-конференции не може да се слушне дека како тој вели дека Палчо имал дојава од МВР. Ова е целосно измислено. Вистината, всушност, е обратна. Тој потенцира дека Палевски не би можел да има дојава. Затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...