сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: дојава | 33 резултати

Пост на социјалните мрежи манипулира со лажни дојави за бомби во училиштата

21 јануари 2023

Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен и му недостига контекст. Точно е дека МВР уапсило 55-годишна жена осомничена за лажни дојави за бомби, но таа нема никаква врска со дојавите кои претходно биле испратени од мејл адреси од странство, за кои министерот Спасовски посочи дека се хибридни закани. Жената, инаку лице со здравствени […]

Лажна е заканата за поставена бомба во охридското училиште „Св. Наум Охридски“

27 декември 2022

Дојавата за поставена бомба во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Охрид е лажна информираат во Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека ги направиле сите потребни проверки. „На електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектот, а […]

Ковачевски: Ова е хибридна војна, скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби

13 декември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за лажните бомби во училишта, трговски центри,  државни институции, висококатници и автобуси. „ВПН се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски држави. Затоа се работи со партнерски служби. Ова е хибридна војна. МВР работи интензивно со партнерските служби. Да, секојдневно […]

Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

12 декември 2022

Заканите за поставени бомби кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции, не доаѓаат од ученици, туку се дел од глобалната хибридна војна на Русија против членките на НАТО, вели проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во изјава за „Телма“. „Овие хибридни закани се дел од хибридната […]

Малолетник го признал делото за една од лажните дојави за бомби во скопските училишта

5 декември 2022

Малолетник од Скопје доби кривична пријава откако признал дека минатиот месец испратил лажна дојава за бомба до четири средни училишта во Скопје, што претставува прв случај на откривање на сторител кој испратил дојава за експлозивна направа во училишта. Од крајот на октомври па до денес, на територијата на земјава имаше вкупно 12 лажни дојави за […]

Спасовски: Лажните дојави за бомби кај нас и во соседството следеа по руската инвазија на Украина

2 декември 2022

Во врска со дојавите за бомби кои деновиве повторно ги добиваат скопските училишта на своите електронски адреси, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека приоритет треба да ѝ се даде на истрагата. Прашањето е, додаде тој, дали овие хибридни закани доаѓаат од еден или од повеќе центри. „Веќе многу е распространето не само кај […]

Нови дојави за бомби во три скопски основни училишта и едно во Крива Паланка 

2 декември 2022

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 07 и 30 часот утрово, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така денеска околу 11 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно […]

Дојава за бомба во две основни училишта во Скопје, учениците евакуирани

1 декември 2022

Покрај дојавите за бомба во осум средни скопки училишта, денеска за прв пат откако се испраќаат серија лажни закани, порака за поставен експлозив стигна и во основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Кочо Рацин“. Денеска по 15 часот, на електронската адреса на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, стасал мејл со заканувачка содржина […]

Деветта дојава за бомба во училиштата, повторно во истата смена

1 декември 2022

На адресите на осум училишта за средно образование во Скопје, по двонеделна пауза, попладнево повторно стасал мејл во кој пишува дека е поставен експлозив. Директорите на училишттата со кои поразговарвме, веднаш ги евакуирале учениците и вработените. Станува збор за училиштата „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Владо Тасевски“, […]

Повторно упатени закани за поставени бомби, овојпат до четири училишта

4 ноември 2022

Денеска околу 14 часот на електронските адреси на четири училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиената пријава полициски службеници преземале мерки, а училиштата се безбедно евакуирани. Од МВР додаваат дека во тек се антитерористички проверки и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова […]

Нова закана за бомби во осум училишта, овојпат во содржината на пораката е и шегата на Путин

2 ноември 2022

Нова дојава за поставена рачна експлозивна направа пристигна на електронските адреси на училишта за средно образование во Скопје. Како што информираат во Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје околу 14.30 часот денеска е пријавено дека до осум училишта пристигнала електронска порака со закана за поставена бомба. Ова е четврти пат во последниве две недели […]

Нов мејл со предупредување дека има бомба во „Никола Карев“, учениците веднаш евакуирани

28 октомври 2022

Нова дојава за поставена бомба, овојпат во гимназијата „Никола Карев“. Како што за Мета.мк соопшти директорот Андреј Манолев, попладнево на службената адреса стасал мејл со содржина „Поставени се две бомби во вашето училиште“. Ова е трет ден по ред училишта во Скопје да добиваат дојава за бомба. „Вчера и завчера мејлот беше испратен до повеќе […]

Нови закани за бомби во девет скопски училишта, испраќачите сонувале за одмазда

27 октомври 2022

Закана за поставени бомби денеска во точно 13.55 часот преку електронска пошта добија девет скопски средни училишта. Во кратката порака се вели дека „денеска во училиштето беа поставени многу бомби“, а испраќачите наведуваат дека сонувале за одмазда, но не потенцираат за што точно се одмаздуваат. „Во смена имаме по околу 600 ученици. Паника немаше, но […]

Закана за бомба со вознемирувачка содржина испразни пет гимназии во Скопје

26 октомври 2022

Пет скопски средни училишта денеска беа испразнети откако наставата ја прекина анонимна дојава за бомба испратена на службените мејлови на училиштата. Станува збор за гимназииите „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ како и за автосообраќајниот училиштен центар „Боро Петрушевски“. Мета.мк стапи во контакт со некои од директорите на училиштата, кои коментираат […]

Евакуиран аеродромот во Софија поради дојава за бомба

10 јануари 2018

Аеродромот во Софија е евакуиран поради истрага која се спроведува откако била добиена дојава за поставена бомба, јавуваат светските медиуми. Евакуацијата ја наредил министерот за внатрешни работи по повикот кој пристигнал во 13 часот и 20 минути по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“. На лице место веднаш пристигнале повеќе полициски единици, а на возилата не […]

Поради 130 лажни дојави за бомби, евакурани 100.000 жители на Москва

6 октомври 2017

Во Москва денеска се создала огромна загриженост откако поради вкупно 130 дојави за подметнати бомби, биле евакуирани околу 100.000 луѓе од четирите московски аеродроми, од 15 трговски центри, повеќе од 20 училишта, пет железнички станици, неколку хотели и други објекти. Истрагите потоа утврдиле дека дојавите се лажни, односно не биле подметнати бомби. – Од почетот на денот, […]

Илјадници луѓе евакуирани во Москва поради дојави за подметнати бомби

13 септември 2017

Повеќе од 20.000 лица денеска биле евакуирани од трговските центри, железничките станици, театри и од универзитети во Москва поради речиси симултани дојави дека на повеќе места во градот е поставен експлозив, јавуваат светските агенции. Иако се претпоставува дека станува збор за лажни дојави, полициски специјалци со кучиња трагачи ги пребаруваат местата. Според информациите на агенциите, […]

Лажна дојава за бомба во Основен суд Тетово ги вознемири тетовци

12 април 2017

Лажна дојава за бомба денеска ги вознемири вработените во Основен суд Тетово. Дојавата била пренесена преку писмо со назнака „ОВК“, оставена на подот од една адвокатска канцеларија, лоцирана на само неколку метри од зградата на судот. „На 13 април ќе се бомбардира судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение […]

Дојава за бомба приземји германски авион со 299 лица

15 јануари 2017

Авион на германската авиокомпанија „Јуровингс“, кој од Келн летал за градот Салалаха во Оман, принудно слетал во Кувајт поради закана од бомба. Кувајтската државна агенција „Куна“ јави дека во авионот „ербас а330-203“ имало 299 патници и членови на екипажот и дека бил евакуиран за да се изврши потрага. Кувајтската агенција за цивилна авијација соопшти дека […]

Египетски авион принудно слетал поради дојава за бомба

8 јуни 2016

Авион на египетската компанија „Иџипт ер“ на летот од Каиро за Пекинг принудно слетал во Узбекистан поради дојава за бомба. Сите 135 патници и 17 членови на екипажот се евакуирани од авионот, а полицијата и спасувачките служби ја пребаруваат внатрешноста на леталото. Авионот слетал на аеродромот во градот Иргенш, кој е на околу 840 километри […]

Страна 1 од 2