fbpx

Сончево време, со температура до 12 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во јужните делови на земјава ќе има зголемување на облачноста.

Утринската температура се движи од минус 6 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во наредните денови се очекува да преовладува стабилно време со ниска утринска температура. Во поголем дел од земјава ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено и значителна облачност. Дневната температура во наредните три дена ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.