fbpx

Претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

-

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи, особено во источните делови од земјава.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец, кој во западните делови од земјава на моменти ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од од 4 до 11 Целзиусови степени, а највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 9 Целзиусови степени и дневна до 26 степени.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.