fbpx

Хан ги повика партиите и граѓаните да се воздржат од насилство

-

По протестите вечерва, кои втор ден се одржуваат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари од судски процеси, на „Твитер“ се огласи еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој порача граѓаните да бидат разумни и да се воздржат од насилство.

– Повик до сите политички партии и разумни граѓани да се воздржат од насилни постапки. Кризата може да биде решена на политички начин. Одговорноста на политичките партии е да се вратат назад на преговарачка маса – напиша Хан на својот твитер-профил.

Еврокомесарот Хан вчера на „Твитер“ објави дека одлуката на Иванов е спротивна на владеењето на правото и изрази сериозен сомнеж дали веродостојни избори сè уште се можни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...