Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а во текот на денот ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и по речните долини ќе има магла.
Минималната температура ќе се движи од минус 4 до 2 Целзиусови степени, а максималната од 9 до 16 степени.
Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со температура до 10 Целзиусови степени.
ОД УХМР јавуваат дека долж Повардарието, во Пелагонија и во Дебарско утрово има магла или намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската Котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост.
Утринава, најниската температура од минус 3 Целзиусови степени е измерена во Битола, минус 2 степени се измерени во Крива Паланка и во Куманово, во Тетово, Берово и во Маврово минус 1 сптепен, а нула степени се измерени во Скопје Петровец, Демир Капија и во Прилеп.
Метеоролозите предвидуваат дека претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста, која сега ја има на југоисток. Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко време.