fbpx

Ураганот Ото се приближува кон Никарагва и Костарика

-

Ураганот Ото им се заканува на Никарагва и на Костарика, каде веќе е издадено предупредување. Владата на Костарика нареди евакуација на 4.000 жители на северот на Кариби.

Жителите по морски и по воздушен пат се пренесуваат во безбедни зони.

Најмалку четири лица загинаа во Панама поради невремето кое е проследено од силен дожд, предизвикан од надоаѓањето на бурата.

Ураганот Ото, кој дува со брзина од 120 километри на час, се приближува до Костарика и до Јужна Никараква. Се очекува дека ќе предизвика бројни поплави и свлечишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...