fbpx

Силен земјотрес ја погоди Никарагва

-

Силен земјитрес утрово ја погодил Никарагва, а бил почуствуван и во Ел Салвадор, Хондурас и во Костарика, јави американската геолошка агенција.

Според информациите, земјотресот бил со епицентар на околу 25 километри од градовите Чинандеја и Ел Виејо во Никарагва, на длабочина од околу 10 километри. Магнитудата на потресот изнесувала 6,1 степен по Рихтеровата скала.

Дваесет минути по првиот потрес, уследила серија од три нови потреси со јачина од 5,1, односно 4,8 и 4,6 степени по Рихтер.

Портпаролот на владата на Никарагва, Росарио Муриљо, изјавил дека земјотресот бил необично силен и бил почуствуван низ целата земја.

Засега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...