fbpx
Таг: епицентар

таг: епицентар

Утрово два земјотреса меѓу Маврово и Кичево, биле почуствувани на Југозападот

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска регистрирала два земјотреса, чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје. Првиот бил во 8.14 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 а вториот во 8.21 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.9. И двата земјотреси што потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево биле почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III...

Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил на подрачјето на Делчево и Берово

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 100 километри источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово. „Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 2.4, а беше почувствуван од населението на Виница...

Силен земјотрес во Грција почувствуван на југоистокот на земјава

Сеизмолошката опсерваторија (СО) при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопшти дека ноќеска во 50 минути по полноќ се случил земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 км. југоисточно од Скопје, во соседна Грција. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а бил почувствуван од населението на југоисточните делови на нашата земја, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Утринава слаби земјотреси во Скопје и во Охрид

Земјотрес во Скопје од 2,4 степени според Рихтер, регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Тој бил регистриран во 08.03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Сеизмолошката опсерваторија регистрирала и земјотрес во Охрид, од 2,1 степени според Рихтер и бил почуствуван во 02.26 часот. Земјотресот бил со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирала земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во охридското епицентрално подрачје, денеска во 12.40 часот. Епицентарот на земјотресот се наоѓал неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец. Минатата недела, серија на земјотреси беа регистрирани во Дојран, но и еден на територијата на Косово, кој беше почувствуван и во Скопје.

Утрово повторно земјотрес во Дојран со интензитет од 3,3 степени според Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во дојранското епицентрално подрачје. Земјотресот бил регистриран утрово во 4 часот и 6 минути. Ова е еден од серијата земјотреси што оваа недела го тресат Дојран и околината. Вчера, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Косово, а се...

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Косово, почувствуван и во Скопје

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска напладне бил регистриран во Косово. Епицентарот бил на 30 километри западно од градот Пеќ во Косово на длабочина од 10 километри. Земјотресот беше почувствуван и во скопското епицентрално подрачје.

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија. Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот. Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во 5.24 часот на длабочина од 10...

Два земјотреса почувстувани утрово во Охрид и во Ресен

Два земјотреси со умерен интензитет утрово се случија во југозападниот дел на Македонија, односно во охридското епицентрално подрачје. Првиот, кој бил посилен, е регистриран во 2.01 часот, додека вториот со послаб интензитет - во 8 часот изутринава. Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и...

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Лезбос, едно лице загинало

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Лезбос, при што едно лице загинало, а повредени се десетина лица при уривање на стари куќи, јавуваат грчките медиуми. Локалните власти соопштиле дека телото на починатата жена било пронајдено во селото Вриса. Службите на противпожарната единица информирале дека немале повеќе информации за исчезнати лица. Епицентартот на земјотресот бил...

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Италија

Централна Италија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала, пренесуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 30 километри од местото Матињано, околу 100 километри од Рим. Според податоците, земјотресот се случил ноќеска, на длабочина од 10 километри, а засега нема податоци за жртви или предизвикана материјална штета. Централна Италија пред неколку месеци беше погодена од два...

Силен земјотрес утрово почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ги вознемири жителите на Скопје. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на три километри североисотчно од Скопје, во околината на селото Црешево, на длабочина од 2 километри. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека утрово биле регистрирани серија земјотреси со епицентри во Скопското епицентрално подрачје....

Силен земјотрес го погоди Еквадор

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтерова скала го погоди Северен Еквадор рано утринава, соопшти Американскиот геолошки завод. Епицентарот бил во областа што беше опустошена од силниот земјотрес кон средината на април годинава. Засега нема податоци за предизвиканата штета и за евентуалниот број на жртви. Епицентарот на потресот бил во близина на крајбрежниот град Есмералдас и 154 километри северозападно од главниот...

Силен земјотрес ја погоди Никарагва

Силен земјитрес утрово ја погодил Никарагва, а бил почуствуван и во Ел Салвадор, Хондурас и во Костарика, јави американската геолошка агенција. Според информациите, земјотресот бил со епицентар на околу 25 километри од градовите Чинандеја и Ел Виејо во Никарагва, на длабочина од околу 10 километри. Магнитудата на потресот изнесувала 6,1 степен по Рихтеровата скала. Дваесет минути по првиот потрес, уследила серија...

Почуствуван земјотрес во Источна Македонија

По четирите земјотреси кои вчера вечер го потресоа југозападниот дел на Македонија, во текот на ноќта биле регистрирани уште неколку послаби земјотреси во земјава и регионот, пренесува „Телма“. По полноќ потрес бил регистриран во близина на Ресен и кај кичевското село Другово. Денеска претпладне земјорес бил почуствуван во Источна Македонија. Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од Пехчево, во близина...

Регистриран трет земјотрес во Македонија

По претходните два земјотреса попладнево, во 19.16 часот регистриран е уште еден потрес со интензитет од 4,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот е на 9 километри југозападно од селото Слепче, Демирхисарско. Претходните два земјотреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала беа реагистрирани во 18.33 и 18.41 часот, со епицентар во Вранешница, Кичевско,...

Силен земјотрес регистриран во југозападна Македонија

Два последователни земјостреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала попладнево по 18.30 часот го потресоа југозапападниот дел на Македонија. Првиот потрес е регистриран во 18.33 часот, а вториот неколку минути подоцна. Според информациите епицентарот на земјотресот е во Вранешница, Кичевско, на 85 километри југозападно од Скопје. Земјотресите се почуствувани во Кичево, Битола, Скопје, Охрид...

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим. Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и во Таџикистан. Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствуван во главните градови на Авганистан и на Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови од земјава

Послаб земјотрес бил почувствуван денеска напладне на југоистокот од земјава. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 130 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил регистриран во 12 часот и 17 минути, а бил почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од три до четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.

Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди рано утринава крајбрежниот дел на Чиле, соопшти американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил на 100 километри југозападно од Кокимба. Земјотресот се случил во 4:32 часот по локално време, а се почуствувал и во главниот град Сантијаго, кој се наоѓа 300 километри јужно од епицентарот. Чилеанската морнарица издаде предупредување за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...