четврток, 12 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Рихтерова скала | 21 резултати

Два земјотресa во Штипско почувствувани утринава

8 јануари 2020

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје утринава во 8.00 часот и во 8.15 часот регистрираше земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 km југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци, нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3,1 на првиот […]

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Косово, почувствуван и во Скопје

4 јануари 2018

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска напладне бил регистриран во Косово. Епицентарот бил на 30 километри западно од градот Пеќ во Косово на длабочина од 10 километри. Земјотресот беше почувствуван и во скопското епицентрално подрачје.

Земјотрес претпладнево го стресе Охрид

20 септември 2017

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала се случил претпладнево во 8.50 часот во Охрид. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 9 километри источно од Охрид, 7 километри југоисточно од Косел, а се случил на длабочина од 2 километри.

Бројката загинати во земјотресот во Мексико се зголеми на 32 лица

8 септември 2017

Бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико, кој со магнитуда 8,2 степени според Рихтеровата скала е најсилниот земјотрес во Мексико во последните 100 години, достигна 32 лица, соопштија властите во земјата. Епицентарот на земјотресот беше на пацифичкиот брег на Мексико. Земјотресот бил посилен од оној што во 1985 година го погоди главниот град на […]

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди Охридско

3 јули 2017

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала денеска во 13.18 часот е регистриран во охридското епицентрално подрајче. Епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Охрид и пет километри североисточно од Косел, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил со интензитет од седум степени според Европската макросеизмичка скала. Потресот беше почуствуван во […]

Силен земјотрес регистриран кај Папуа Нова Гвинеја

22 јануари 2017

Земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодил Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот геолошки институт, јавуваат светските агенции. Потресот се случил на 40 километри западно градот Пангуна, на островот Бугенвил, во Папуа Нова Гвинеја, на длабочина од 153 километри, соопштил американскиот институт. Оттаму проценуваат дека е можно земјотресот да предизвикал умерена […]

Три последователни земјотреси регистрирани во Централна Италија

18 јануари 2017

Три последователни земјотреси утрово го потресоа централниот дел на Италија, вклучувајќи го и главниот град на земјата, Рим, јавуваат светските агенции. Последниот од земјотресите, според информациите на агенциите, бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. @RaiNews evacuata per precauzione scuola ITC calamandrei #roma pic.twitter.com/b6SCx5BZQl — Serena Scorzoni (@serena_scorzoni) January 18, 2017 „Раша тудеј“ […]

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Кина

8 декември 2016

Силен земјотрес, со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, денеска го погоди западниот дел на Кина, соопшти американскиот геолошки институт. Засега нема информации за евентуални жртви и повредени, како и за причинета материјална штета. Земјотресот бил регистриран во областа Синџијанг, на длабочина од 55 километри.

Земјотрес од 6,6 степени ја стресе Италија

30 октомври 2016

Земјотрес од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Италија. Во земјотресот урнати се повеќе згради и историски цркви во малите градови и села што изминатата недела веќе беа погодени од потреси. Иако сè уште нема информации за жртви, штетата од денешниот земјотрес е голема. Меѓу зградите оштетени во Норча се […]

Нема повредени Македонци во земјотресите во Италија

27 октомври 2016

Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси што вчера беа регистрирани во Централна Италија, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,1 степени по Рихтеровата скала. „Врз основа на информациите со кои досега располагаме, можеме да кажеме дека македонски граѓани повредени во земјотресите во Италија нема. Ги повикуваме сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста […]

Три силни земјотреси кај Јанина, еден почувствуван и во Македонија

16 октомври 2016

Цела ноќ на улица ја поминаа жителите на Јанина, вознемирени од серијата земјотреси што го потресоа регионот на Епир во Северозападна Грција доцна вечерта. Првиот земјотрес, кој беше почувствуван и во Македонија, беше во 23.14 часот по локално време, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 4,9 степени во 3 […]

Вчера Скопје го треселе вкупно девет земјотреси

12 септември 2016

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се […]

Силен земјотрес ја погоди Никарагва

10 јуни 2016

Силен земјитрес утрово ја погодил Никарагва, а бил почуствуван и во Ел Салвадор, Хондурас и во Костарика, јави американската геолошка агенција. Според информациите, земјотресот бил со епицентар на околу 25 километри од градовите Чинандеја и Ел Виејо во Никарагва, на длабочина од околу 10 километри. Магнитудата на потресот изнесувала 6,1 степен по Рихтеровата скала. Дваесет […]

Силен земјотрес регистриран во југозападна Македонија

21 мај 2016

Два последователни земјостреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала попладнево по 18.30 часот го потресоа југозапападниот дел на Македонија. Првиот потрес е регистриран во 18.33 часот, а вториот неколку минути подоцна. Според информациите епицентарот на земјотресот е во Вранешница, Кичевско, на 85 километри југозападно од Скопје. Земјотресите се почуствувани во […]

Силен земјотерс во Индонезија, постои опасност од цунами

2 март 2016

Земјотрес со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Индонезија, а засега нема извештај за повредени лица и за причинета штета. Институциите прогласија опасност од цунами. Тектонското нарушување се случило на југозападниот остров Суматра, на длабочина од 10 километри и на 808 километри оддалеченост од градот Паданга. Најпрво е регистриран потрес со јачина 8,2 степени, а […]

Земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала ја затресе Битола

17 ноември 2015

Битолчани утрово почувствуваа земјотрес околу 8.10 часот. Станува збор за т.н. хоризонтален земјотрес, кој најдобро се воочува поради нишањето на лустерите во домовите. Епицентарот бил во соседна Грција, а земјотресот таму бил со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9.10 часот по […]

Силен земјотрес ја погоди Алјаска

9 ноември 2015

Југоисточниот крајбрежен дел на американската сојузна држава Алјаска денеска го погоди земјотрес со интензитет од 6,2 сепени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот геолошки институт. Според соопштението на институтот, земјотресoт се случил на длабочина од 16 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 93 километри од брегот на Алјаска, во близина на островот Атка. Сè […]

Страна 1 од 1