fbpx

Израел привремено го забрани влезот за сите Палестинци на нејзина територија

-

Израелската војска денеска соопшти дека привремено им го забранува влезот на сите Палестинци во Израел, со што ги заостри мерките што властите ги воведоа откако вооружени напаѓачи завчера вечерта убија четири лица во Тел Авив.

Портпаролката на израелската војска, пренесуваат светските агенции, изјавила дека во согласност со владините директиви и со проценката на моменталната ситуација, од денеска премините од Појасот Газа, Јудеа и во Самарија ќе бидат отворени за Палестинците само во случај на потреба од медицинска и од хуманитарна помош.

Забраната за влез во Израел, според информациите, ќе биде на сила до недела на полноќ.

Израел вчера соопшти дека ги суспендирал дозволите за влез на нејзина територија за 83.000 Палестинци за време на светиот муслимански месец Рамазан, по пукањето во Тел Авив.

Во нападот, кој, како што е соопштено, го извеле Палестинци, беа убиени четири лица, а седум беа ранети.

Шефот на полицијата во Тел Авив, Моше Едри, изјави дека двајцата напаѓачи се членови на исто семејство од палестинското село Јата, во близина на Хеброн на Западниот Брег, кој беше жариште на неодамнешниот бран насилства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...