Никарагва протера американски претставници

-

Властите во Никарагва протераа тројца американски претставници од земјата, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

– Мерката е преземена од властите на централноамериканската држава во вторникот. Тоа може да влијае врз односите меѓу САД и Никарагва, во трговијата и во други сфери – предупреди Кирби, но притоа не прецизираше дали Вашингтон ќе преземе реципрочни мерки.

Претседателот на Никарагва, социјалистот Даниел Ортега, веќе долго време има затегнати односи со САД, чии корени влечат од осумдесеттите години на минатиот век, кога Никарагва беше зафатена со граѓанската војна. Во тој период ЦИА обучуваше и финансираше одреди кои се обидуваат да го соборат од власт Ортега.

Во 2007 година Ортега повторно дојде на власт и оттогаш е во сојуз со Венецуела и со други режими во Јужна Америка, противници на политиката на САД.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...