fbpx

Почина охридската пливачка легенда Александар Леко Радиќ

-

Во Охрид, на 87-годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ.

Погребот ќе се изврши утре, 18 јуни, на градските гробишта во Охрид.

Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и за творец на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани.

Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони, како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.

Роден е во 1929 година во Охрид, а својата пливачка и тренерска кариера ја почнал во ПВК „Охридски бранови“. Во 2013 година Леко Радиќ го доби највисокото општинско признание за животно дело, „Свети Климент Охридски – Патрон на градот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...