fbpx

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

-

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи.

Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија.

– Доста е од оние што бараат 63 пратеници. Народот не смее повеќе да биде прелажан и да даде монопол на една партија, од која потоа ќе биде жртва. Ние и со 15 пратеници ќе бидеме гарант на вистинската и реална демократија. Не нè прашувајте нас со кого ќе коалицираме, туку прашајте ги нив со кого ќе коалицираат. Не нè гледајте ниту низ призмата на ВМРО-ДПМНЕ, ниту низ онаа на СДСМ, туку како реална алтернатива, како трет пат. Ние сме тие што ја воскреснаа Македонија во деведесеттите години. Во нашата екипа се најспособните кадри, кои ја водеа Македонија во најтешката криза и ја извлекоа и од безбедносната и од економската голгота – рече Георгиевски.

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, го откри слоганот на коалицијата кој гласи „Заедно за силна Македонија“. Тој рече дека бил против изборот на Никола Груевски, токму во истата сала во Охрид, за што платил голема цена.

– Не ги жалам моите и семејните 10 години затворска голгота. Тоа е деценија за Македонија. Во меѓувреме зреевме, сега сме способни да го вратиме времето на Љубчо Георгиевски, кога најдобро се живееше во Македонија. Денес Македонија е коридор за бегство на младите и на најспособните. Повеќе од половина милион за 10 години. Затоа што властодршците Македонија не ја градеа, туку ја крадеа. Субвенциите се школски пример за перење пари. Ќе го вратиме ВМРО на вмровците, тоа е кодот и душата на Македонија – порача Бошкоски.

Лидерот на Достоинство, генерал Стојанче Ангелов, вети дека тие во парламентот ќе изгласаат нов закон за бранителите.

– Ние се боревме и крвавевме во војната за лажниот патриот Никола Груевски да постави командант на УЧК за министер на одбраната. Ние со Љубе и со Љубчо ја одбранивме Македонија, но Никола сака да го воведе албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија. Тоа не може, тоа не е соживот, на тој начин Македонија не може да биде граѓанска држава. На Македонија ѝ треба итен попис, да се преброиме колку сме и кои сме и никогаш повеќе да не дозволиме ордите на УЧК да бидат најблиските сојузници на Никола Груевски – порача Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...