fbpx

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

-

Со автобусите на ЈСП – Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите поволности за корисниците на јавниот превоз.


Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ информираат дека во 2019 година вкупно со јавниот превоз во главниот град биле превезени над 57,2 милиони патници. Од нив, 77,1 отсто од патниците ги користеле автобусите на ЈСП, додека приватните превозници на градско – приградските линии превезле над 13,1 милиони патници. Од јавното сообраќајно претпријатие посочуваат дека реалната слика за превезени патници може да е и поинаква, бидејќи всушност станува збор за статистика за годишен број на валидации на картичката „Скопска“ и плаќања преку мобилен телефон.

Одговорот за континуираното намалување на бројката на превезени патници од ЈСП го бараат во либералните политики за увоз на половни возила од странство, но и поради сѐ поголемото користење на велосипеди, тротинети и други алтернативни превозни средства од страна на граѓаните. Сепак, од ЈСП сметаат дека инвестициите што лани беа направени од Град Скопје и од нивна страна годинава ќе вродат со плод во зголемен број на патници.

– Конструкцијата на новите МАН автобуси ќе овозможи побрз проток на патници низ возилото, што автоматски ќе го намали времето на стоење на постојките. Веруваме дека билетот за едно возење ќе овозможи непречено, подостапно користење на јавниот превоз од страна на туристите и другите граѓани кои сега инцидентно користат јавен превоз – ни рекоа од ЈСП.

Во најскоро време за граѓаните ќе биде достапна и апликацијата за полесно користење на јавниот превоз, со која самите патници преку мобилните телефони ќе можат да обезбедат информации за возниот ред во реално време, да ги купуваат услугите за користење јавен превоз или да ја користат мапата за планирање патувања.

Податоците од Годишните извештаи за работењето на ЈСП – Скопје покажуваат дека од 2014 година до денес бројот на превезени патници е намален за над 8,5 милиони патници. Пред шест години, со автобусите на јавното сообраќајно претпријатие патувале 52,9 милиони патници низ главниот град. До јануари 2017 година, ЈСП го определуваше бројот на превезени патници според количината на продадени билети и утврдениот просечен број на патувања. Во изминативе три години, оваа бројка се пресметува според бројот на валидирања со картичката „Скопска“ или со мобилен телефон при влез во автобус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...