fbpx

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

-

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП – Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во сообраќај низ скопските улици претстојнава пролет.

– Град Скопје и ЈСП потпишаа договор за набавка на 33 еколошки автобуси на гас (21 нископоден и 12 зглобни), каде најголемата предност е што емитуваат значително помалку јаглерод диоксид или речиси воопшто не го загадуваат воздухот – посочуваат градските власти.

Во меѓувреме, ЈСП – Скопје е при крај со изработката на проектната документација со ревизија за изградбата на постројки за полнење на возилата со CNG (компримиран гас) во автобазите „Автокоманда“ и „Ѓорче Петров“. Новите МАН автобуси ќе имаат вградено ЕУРО 6 мотори и ќе го користат гасот како гориво, со што за 700 отсто ќе се намали испуштањето на ПМ честички во воздухот од нивното работење.

Намалената потрошувачка на гориво ќе значи годишна заштеда од 25.000 евра само од еден автобус, со што значително ќе се намалат трошоците од работењето на ЈСП – Скопје. Идните единечни автобуси ќе имаат можност да примат 85 патници, односно ќе имаат капацитет да превезат повеќе патници од двокатните автобуси. Новите зглобни автобуси пак ќе можат да превезат 149 патници – речиси двојно повеќе од возниот парк на „Јутонг“.

Новите автобуси за ЈСП – Скопје беа набавени преку кредитот од 10 милиони евра подигнат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Покрај тоа што ќе се осовремени возниот парк и ќе се намали аерозагадувањето, градските власти очекуваат новите автобуси да го зголемат и интересот за користење на јавниот превоз кај граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...