петок, 17 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Скопска | 15 резултати

„Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

февруари 3, 2020

Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП – Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, […]

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

јануари 29, 2020

ЈСП – Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, […]

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ноември 25, 2019

ЈСП – Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од […]

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

ноември 1, 2019

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на […]

Билетот за едно возење е со чип и е наменет за граѓаните од внатрешноста и за странци

септември 27, 2019

По вчерашната одлука на Советот на град Скопје за определување на цената на новиот билет за едно возење, од ЈСП Скопје појаснуваат дека јавниот превоз во Скопје нема да поскапи. Цената за едно возење од 50 денари ќе важи единствено за идните електронски хартиени билети, кои ќе бидат пуштени во функција на 1 ноември. – […]

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

септември 25, 2019

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на […]

„Скопските“ со истечен рок, граѓаните ќе ги менуваат на свој трошок

септември 19, 2019

Граѓаните кои први ја купиле картичката „Скопска“ пред четири години ќе мора да ја променат со нова, поради тоа што е истечен нејзиниот рок на важност. Од ЈСП – Скопје информираат дека станува збор за персонализираните електронски картички, и тоа за оние сопственици кои први ја извадиле оваа картичка во 2015 година. – Замената на […]

Картичката „Скопска“ ќе може да се надополни на над 20 нови локации

август 20, 2019

ЈСП Скопје ја прошири секундарната продажна мрежа за над 20 дополнителни локации (маркети, трафики и слично) низ скопските општини. Покрај тоа што ќе можат да ја купат картичката „Скопска“ на овие локации, граѓаните ќе можат и да ја надополнат картичката, без притоа да треба да одат до некоја од билетарниците на ЈСП Скопје. Како што […]

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

април 10, 2019

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот […]

Нема во продажба картички „Скопска“ за градските автобуси

декември 26, 2018

Ако сте ја загубиле картичката „Скопска“ и треба да купите нова, тоа не можете да го направите уште од 10 декември во центрите „Скопска“ на Бит Пазар, во Транспортен центар и во центарот на Скопје, пишува „Порталб.мк“. Во ЈСП велат дека нови картички ќе бидат пуштени на продажните места во првите денови на новата година. […]

Картичката „Скопска“ ќе може да се купи и дополни само на билетарите на ЈСП

мај 28, 2018

Граѓаните нема да може да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ од продажни места кои не се во сопственост на ЈСП Скопје, бидејќи денеска завршил договорот помеѓу ова јавно претпријатие и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, информираат од ЈСП Скопје. „Купувањето и надополнувањето ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на […]

Страна 1 од 1