fbpx

Со апликацијата „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат увид во своите здравствени картони

Апликацијата, според министерот за здравство Меџити, вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи и вакцини

-

Министерството за здравство презентираше мобилна апликација „Мое здравје“, со која граѓаните ќе имаат можност да пристапат до личните здравствени податоци.

Апликацијата, како што соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити, вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и многу повеќе информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги. Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен.

„Како министерство работиме и ги следиме современите текови и трендови во доменот на достапност на лични податоци поврзани со здравствените досиеја на граѓаните од нашата држава. Со ваков пристап се зголемува нивото на транспарентност и достапност до личните податоци поврзани со здравјето, како за медицинските лице, така и за пациентите“, рече Меџити.

Апликацијата „Мое Здравје“ е изработена за потребите на Министерството за здравство од компаниите „Кликер“ (дизајнирање на апликацијата) и „Сорсикс“ (изработка на апликацијата).

Таа е бесплатна за преземање од сите заинтересирани полнолетни граѓани и може да се инсталира од следните линкови, во зависност од оперативниот систем, за Android и за iOS.

Апликацијата е достапна на македонски, албански и на англиски јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...