fbpx

Словенија побара полициско засилување од ЕУ

-

Словенија побара дополнителни полициски сили од земјите-членки на ЕУ, кои би можеле да помогнат околу приливот на бегалците што доаѓаат од Хрватска, изјави словенечката министерка за внатрешни работи, Весна Гјоркос Жнидар.

Гјоркос Жнидар го посетила граничниот премин Добовец и притоа изјавила дека словенечката полиција вложува големи напори за со Австрија да се договори за поголемиот транзит на бегалците од Словенија во таа земја, но и дека таа земја наскоро ќе престане да прима бегалци.

– Се трудиме да се договориме за поголемо прифаќање на мигрантите кои се во Словенија, но тие имаат тешкотии со обезбедување на сместувачки капацитети. Мојата оцена е дека Австрија наскоро ќе престане да ги прима мигрантите и бегалците – изјави Гјоркос Жнидар.

Министерката додаде дека денеска во Љубљана ќе пристигне еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос.

Според податоците на словенечката полиција, од саботата во Словенија влегле околу 25.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.