fbpx

СЈО: Опрема за УБК била преплатена преку „Финзи“ на Крпач

-

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија.

– Од доказите прибавени за овој предмет, тие средства преку оштетување на буџетот биле искористени за лична корист и за богатење. Во овој момент истрагата се одвива за основано сомневање за три лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за едно лице вработено во Министерството за внатрешни работи, кои работеле во корист на едно правно лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Се сомневаме дека со оваа злоупотреба е направена штета од 862.045 евра на буџетот на Република Македонија. Од јули 2010 година до крајот на 2012 година, првите три осомничени лица ја искористиле службената положба и набавиле опрема за потребите на УБК, преку фирмата „Финзи“ – рече Фетаи.

Управител на „Финзи“ ДООЕЛ Скопје беше сега починатиот Коста Крпач, кој пред неколку месеци во сомнителни услови изврши самоубиство.

Ова е прв предмет од економскиот криминал кој е произлезен од прислушуваните материјали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...