вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Фатиме Фетаи | 64 резултати

Фатиме Фетаи во Штип ги оценуваше студентите во симулирано судење

6 декември 2019

Поранешната специјална јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, беше дел од комисијата што ги оценуваше студентите по право од четирите државни правни факултети од Штип, Тетово, Скопје и Битола. Симулираното судење се одржа вчера на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.  Фатиме Фетаи го привлече вниманието со своето присуство, но сепак, пред новинарите не сакаше […]

Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во „Монструм“

4 октомври 2019

Министерката за правда Рената Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстрадиција на лицата од Косово, соопшти Министерството за правда. Соопштението уследи откако обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм” пред судот рече дека ќе мора Министерството за правда да […]

Случајот „Монструм“ останува кај обвинителите Фетаи и Бубевски

17 септември 2019

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за предметот „Монструм“, ги овластил истите обвинители кои и до сега го застапуваa, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи утре, а Фетаи и Бубевски бидејќи се вратија во ОЈО Скопје, оттаму ќе го застапуваат случајот. Во Јавно обвинителство продолжуваат постапките за распределба на предметите, при […]

Фетаи: Најважно е предметите на СЈО да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува

5 септември 2019

Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи. – Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и […]

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, вели Фетаи

26 август 2019

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште најави дека ќе го повика премиерот Зоран Заев да сведочи за случајот „Монструм“. На следното судско рочиште на 5 септември во судницата ќе се слушаат телефонските разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, а коишто беа поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро. На денешното […]

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

19 август 2019

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд. Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко […]

Загрозениот сведок во „Монструм”: Слушнав истрели пред да ги видам телата

31 август 2018

Пред да ги види телата на четирите убиени момчиња кај Смиљковското Езеро, загрозениот сведок Е1 слушнал и повеќе истрели, рече тој на денешното судско рочиште за случајот „Монструм”. Сепак сведокот потенцираше дека не видел кој пукал, а прашан зошто сега првпат кажува дека слушнал истрели, рече дека не бил прашан. Адвокатот Насер Рауфи реагираше дека […]

Заштитениот сведок препозна неколкумина од обвинетите во „Монструм“

22 август 2018

Заштитениот сведок кој беше сослушан преку камера од друга просторија на денешното рочиште за случајот „Монструм“ на СЈО со модифициран глас кажа дека си останува на исказот даден на претходна постапка и препозна тројца од обвинетите. Сведокот рече дека од 30 сантиметри до 30 метри далечина, во неколку наврати, секој ден пред да се случат […]

Обвинителката Фетаи бара екстрадиција на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

22 август 2018

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на почетокот на рочиштето за случајот „Монструм“ побара од судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница. Судијата Огнен Ставрев кажа дека веќе се во контакт со косовските […]

Фетаи побара приведување на Груевски, судењето за „Насилство во Центар“ продолжува на 30 август

13 јули 2018

Со доцнење на обвинетиот Никола Груевски, барање на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи тој да биде приведен и со сослушување сведоци, во скопскиот Кривичен суд денешното рочиште од случајот „Насилство во општина Центар“ беше едно од подинамичните. Следното ќе се одржи на 30 август. На почетокот, бидејќи Груевски не беше дојден, Фетаи побара тој да биде […]

Судењето за „Шамарите во Центар“ не почна – обвинет заминал во Хрватска

1 јуни 2018

Во Основниот суд Скопје 1 денеска рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ не почна, поради тоа што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски. – Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска […]

Хаки Азири рече дека притисок му вршел Љупчо Тодоровски – Радникот

23 мај 2018

Обвинетиот Хаки Азири во продолжението на судењето за „Монструм“, откако специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на својот телефон му покажа фотографија од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот, рече дека тоа е инспекторот што му вршел притисок и му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па мора да застане […]

Азири, обвинетиот во „Монструм“ тврди дека бил тепан за да го признае делото

23 мај 2018

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири, кој првично бил загрозен сведок, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 раскажа како на први мај 2012 година бил брутално апсен, тепан, плашен, носен по полициски станици низ Македонија, но и во МВР, присилуван да признае дека помогнал тероризам, поради што и на крајот пред истражен судија дал […]

По три часа исказ на Фејзи Азири прекинато рочиштето за „Монструм“

16 мај 2018

По тричасовниот исказ на обвинетиот Фејзи Азири судот го прекина денешното прво рочиште од повторениот судски процес за случајот „Монструм”. Пред Азири, исказ даде Агим Исмаиловиќ, кој рече дека неговиот брат Африм Исмаиловиќ е во Косово. – Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку Вибер – рече тој. На прашање на обвинителката Фатиме […]

Фетаи го прочита старото обвинение за „Монструм“ и ги расплака роднините на убиените

16 мај 2018

Со читање на старото обвинение за „Монструм“ почна повторениот судски процес за петкратното убиство кај Смилковскo Езеро. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека за овој случај ќе бидат приложени нови докази. Деталите од обвинението, меѓу кои е и начинот на кој биле убиени четирите момчиња и рибарот, ги расплакаа роднините на убиените, кои седат во последниот […]

Алими и Гури не се чувствуваат виновни за „Титаник 3“

11 мај 2018

Обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури на денешното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвнителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни. Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат во општина Чаир. – Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир […]

Адвокатот Миланов казнет со 1.000 евра зошто не се појави на судењето за „Титаник 3“

27 април 2018

Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Еленко Миланов со 1.000 евра бидејќи не се појави на судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ во Основен суд Скопје 1. Освен 1.000 евра, Миланов треба да ги надомести трошоците за денешното закажано рочиште. Специјалното обвинителство изрази сомнеж за оправданоста на причините за денешното одлагање. Обвинителката Фатиме Фетаи […]

Само што почна, рочиштето за „Монструм“ се одложи за 15 мај

17 април 2018

Рочиштето за случајот „Монструм“ е одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија. Денешното рочиште, кое беше прво откако СЈО го презеде предметот, беше прекинато на самиот почеток, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи. Таа истакна дека несериозно е, отсуството на обвинетиот да се правда само со еден […]

Обвинет во „Шамарите“ имал фалц боледување, тврди Фетаи

3 април 2018

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која го води предметот за насилството во Општина Центар, по пријава во Лекарската комора на Македонија, фати тројца лекари кои му давале фалц боледувања на обвинетиот Милан Андоновски, наменски само да се одолговлекува судењето и најави дека против лекарите ќе покренат соодветна постапка. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на рочиштето посочи […]

СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

21 март 2018

Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора три нови истраги, и тоа „Попис“, „Моќник“ и „Актор“, во кои се сомничат Никола Груевски, Али Ахмети, Антонио Милошоски и повеќе лица од „Актор“ – компанијата која го градеше автопатот Демир Капија – Смоквица. Како што објави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот „Попис“ се почнува истрага против […]

Страна 1 од 3