fbpx

Сите чекаат ДИК да пресече за изборите, а Комисијата не ја прифаќа таа одговорност

-

Ниту една политичка партија и институција нема храброст да пресече и да каже дали се исполнети или не се исполнети условите за на 5 јуни да се одржат предвремени парламентарни избори, а денеска е последниот рок за распуштање на Собранието.

Пратениците денеска гласаат за неколку закони предложени од СДСМ и по завршувањето на седницата, претседателот Трајко Вељаноски ќе треба да констатира дека Собранието се распушта.

Опозицијата чека Државната изборна комисија да донесе заклучок, па таа да реши што ќе прави. Како што брифираат оттаму, ако ДИК донесе „законски заклучок“(според нив, тоа би бил дека нема услови за избори) ќе биде добро, но ако донесе „политички заклучок“ (според опозицијата, дека има услови за избори) и реакцијата на партиите од опозицијата ќе биде „политичка“.

Засега ДИК не пресекува. Седницата трае, без изгледи дека бргу ќе заврпи. Оттаму велат дека заклучок нема да има ниту, пак, претседателот на Комисијата ќе даде изјава за новинарите, што значи партиите ќе треба да се потпрат само на изјавите на нивните членови.

Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека „избирачкиот список не е прочистен“, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ „останува само уште малку работа“.

Ниту од невладината „Мост“ конкретно не одговараат на прашањето дали има услови за предвремени избори на 5 јуни. Дарко Алексов вели дека е добар момент ова прашање да се упати до ДИК и упати апел оттаму да излезат и јасно да кажат дали постојат услови за избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема никаква информација.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, телефонски му соопштил на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека партијата е подготвена за спроведувањето на Договорот во Пржино, кој гарантира слободни, демократски и веродостојни избори за сите граѓани.

Денеска напладне, пак, од невладината организација „Цивил“, на протест пред Собранието, рекоа дека во Македонија сè уште нема услови за фер и веродостојни избори.

Вчера неколку граѓански организации испратија соопштение во кое велат дека сè уште не се исполнети минималните услови за распуштање на парламентот и за распишување веродостојни избори во кои ќе веруваат сите граѓани на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...