fbpx

Оланд: ЕУ скапо плаќа за бавното носење одлуки

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска оцени дека бавното носење на одлуките е главен проблем на Европска Унија, без разлика дали станува збор за финансиска криза, борба против тероризмот или заеднички одговор на бегалската криза.

Во интервју, објавено во денешното издание на германскиот весник „Билд“, Оланд рече дека Европа на крај секогаш успева да најде решение, додавајќи дека таа ќе мора да „плати висока цена за изгубеното време“.

Оланд, кој денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, оцени дека е потребен заеднички одговор на Европа за бегалската криза наместо да се носат поединечни национални одлуки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...