fbpx

Шимоновиќ: Прислушувањето посочува на повреда на човековите права

-

„За да се постигне напредок, има многу домашни задачи што треба да се завршат. Го поздравувам почетокот на дијалогот меѓу власта  и опозицијата за намалување на тензиите и за справување со кризата. Суштински во овој дијалог е да се вклучи граѓанскиот сектор. Ова е неопходно за да се изгради доверба и да се вклучи пошироката јавност во справување со корените на кризата“, изјави помошникот генерален секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимоновиќ, кој денеска беше во посета на Скопје.

Тој истакна дека директен поттикнувач на оваа негова посета е политичката криза која почна со „наводно широко распространето прислушување“.

– Тоа посочува на повреда на човековите права како резултат на нелегалното прислушување, но, исто така, и нивната содржина укажува дека и други човекови права можеби биле прекршени – изјави Шимоновиќ.

Помошникот генерален секретар на ОН за човекови права побара и брза и независна истрага за случувањата во Куманово, а посочи и дека е потребна меѓународна соработка во оваа истрага.

Потсети дека ОН охрабруваат независно судство, но и разделување на државните институции од влијанијата на партиите и поделба на власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...